Виршло моја, прејди на друг

Измислена во Франкфурт како нормална свинска кобасица ставена во лепче за да може да се јаде стоечки додека се гледа некоја кралска церемонија. Денес таа може да ја посака само некој кој не знае што има во неа. Што сè содржи една кремвиршла?

МЕСО

Порано виршлите биле правени од мелени остатоци од месо. Денес во Британија свинска виршла содржи само 17 проценти свинско месо. "Месото" се добива така што моштите на животното комплетно се пасираат. Заради стравовите од кравјо лудило, ваквата процедура е забранета за телешкото месо, но не и за свинското и пилешкото.

ВОДА

Се додава на добиената паста од пасирани скелети на свиња или кокошка за да се постигне саканата густина.

СОЛ

Околу два процента од секоја виршла е сол. Солта се обвинува за разни кардиоваскуларни заболувања.

СКРОБ

Помага виршлата да добие на волумен.

МЛЕЧНИ ПРОТЕИНИ

Слушат за полесно врзување на смесата. Не се штетни доколку не сте алергични на млечни производи.

E250

Натриум нитрит. Еден од главните виновници за рак на цревата. Светската организација за превенција од рак порача дека ако се намали дневната доза на процесирано месо (а виршлата е врв на процесирано месо) за само 50 грама, бројот на канцерогени заболувања на дигестивниот тракт ќе се намали за 20 проценти.

ВЕШТАЧКИ ВКУСОВИ

Се додаваат разни работи: чадени вкусови, зачини, тревки, целер, лук.... Но и синтетички засилувач на вкусовите - мононатриум глутамат - кој го има и во инстант супи и кобасици, за да им даде "меснат вкус". Предизвикува алергија и дехидрирање.

E451

Калиум и натриум трифосфати. На виршлата и даваат цврстина, ја одджуваат нејзината PH вредност и помагаат во спојување на водата и мастите. Ги има и во детергенти и анти-фриз.

E452

Полифосфати. Емулгатор и стабилизатор. Ја подобрува текстурата на виршлата и го спречува брзото распаѓање на мастите.

E301

Форма на витаминот Ц. Во мали дозаи не е штетен, во големи дози предизвикува иритација на кожата.

E120

Обојувач на месо. Се добива од лушпи/оклопи на едни мали инсекти. Се мелат и се варат во амонијак и сода. Чиста работа.

И тоа не е се.

Виршлите се и механички незгодни за мали деца. Околу 80 деца во САД годишно умираат давејќи се од погрешно голтнато парче виршла.

19 јули 2012 - 10:01