Женската фудбалска репрезентација на САД која важеше за голем фаворит за златото на Олимпијадата во Токио, на крајот ќе се задоволи со бронзениот медал откако претпладнево ја совладаа Австралија сo 4-3.
Женската фудбалска репрезентација на Америка, актуелен светски шампион, е предводена од нашиот стратег Влатко Андоновски кој ја продолжи доминацијата на САД.
Некогашниот фудбалер на Работнички, Македонија ЃП и Вардар, Влатко Андоновски во моментов е најреномираниот тренер во женски фудбал во САД. Од таа причина добива животна шанса, да ја води селекцијата која пред неколку месеци стана светски првак.