Историскиот момент се случи на дуелот меѓу САД и Колумбија, кој светскиот првак го доби со 2:0.
Го испиша Карсон Пикет, која стана прва репрезентативка со разлика во екстремитетите, а шансата и ја даде селекторот Влатко Андоновски, инаку роден во Скопје, кој три години ги води американските фудбалерки.
Пикет беше во стартниот тим и го одигра цел меч.
„Чувството да се биде различен и вознемиреноста да не се вклопам е нешто низ кое поминав. Овој месец е навистина посебен и треба да се слави“, изјави Пикет, која носела дуксери летно време за да ја сокрие раката.
„Карлсон добро тренираше изминативе дена и среќен сум што одигра добри 90 минути“, рече селекторот Андоновски.
Last night, reigning #FIFAWWC champions @USWNT continued their 2023 qualifier preparations with a victory over Colombia.
— FIFA.com (@FIFAcom) June 29, 2022
The match was significant beyond the score. @Cars_Pickett16 became the first-ever player with a limb difference to earn a #USWNT cap. pic.twitter.com/zJ1kGVkyaL
💙❤️ @Cars_Pickett16 https://t.co/HeK206MfJ8
— U.S. Soccer WNT (@USWNT) June 29, 2022