Лондон, 1894-та или шест години откако било одиграно првото првенство во машки фудбал. Возбудата растела од натпревар во натпревар. За тоа се зборувало во барови, на работа, во супермаркети.
Извесна касиерка по име Џеси Ален, секој ден ги слушала муштериите како дебатираат за фудбал. Се зборувало со страст, а играта се сметала за машка. Нетипично било жени да се вмешаат во темата. Тоа било утопија за тоа време.
Но, Џеси била решена да им даде глас на сите жени кои ја делела нејзината страст. Идејата и било да ја создаде првата женска фудбалска лига. Ги игнорирала предрасудите и објавила оглас во дневник.

За кусо време, 30 жени се приклучиле на иницијативата, подготвени да се занимаваат со спорт, кој нема ништо женствено.
„Тоа беше иницијатива за демонстрирање на светот дека жените не се само украсни и бескорисни суштества. Замислувам иднина каде што жените можат да седат во парламентот и да имаат збор во работите што ги засегаат“, изјавила Џеси во 1985-та за Дејли Скеч.
Таа ја продолжи својата битка, поддржана од двајца мажи: нејзиниот сопруг Фредерик Смит, кој ја охрабрил, и Џон Вилијам Џулијан, поранешен дефанзивец на Арсенал, кој станал нејзин тренер.

Така се родила Британската женска фудбалска лига, прва во историјата. Триесетте играчи биле поделени во два тима: еден од Северен Лондон, „црвените“, и еден од Јужен Лондон, „сините“. Историското прво дерби се одиграло на 23 март 1895 година, во Крауч Енд, при што Северот победил со 7:1.
„Неколку минути беа доволни за да се види дека женскиот фудбал, ако британските дами можат да се земат како критериум, е далеку од тоа што треба да биде. Од еден фудбалер се бара брзина, проценка, вештина и храброст. Ниту еден од овие квалитети не беше прикажан на теренот. Во поголемиот дел од натпреварот, жените несмасно и бесцелно талкаа низ теренот“, пишува во тоа време „Дејли Скеч“
И покрај критиките, Британките продолжиле. Дерби натпреварите се одржувале во различни градови, од Лондон до Бристол, Њукасл и Бромптон. Натпреварите привлекуваале се повеќе публика, а на Сент Џејмс Парк доаѓале по 8.000 луѓе. Бројката пораснала дупло, откако на натпреварите почнале да се собираат средства за добротворни цели.

Сепак, бајката била предодредена наскоро да заврши. Во рок од две години, жените биле сметани за физички неспособни да ги издржат тешкотиите на теренот, а женскиот фудбал нема да се врати сè до Првата светска војна.
За да ги заменат играчите испратени на фронтот, на жените конечно им било дозволено да излезат на теренот, но само кусо време. Во 1921 година, Фудбалската асоцијација ги прогласила жените за неспособни да играат фудбал и донела забрана за играње.

Во 1969 година е формирана Женската фудбалска асоцијација (WFA), но потоа биле потребни две години и интервенција на УЕФА, за да се принуди ФА да ја преиспита својата позиција и да ја укине педесетгодишната забрана.
Во 1993 година, WFA официјално престана да постои, а женскиот фудбал стана дел од ФА. По еден век, битките на касиерката Џеси Ален и нејзините придружнички се покажаа како исплатливи, а тоа е да се признае нивното право за играње фудбал.