Њујорк на чекор од титула во НБА, Никс го искористи подарокот од Сан Антонио

Кошаркарите на искусната екипа на Њујорк Никс поведоа со 2-0 во големото финале на НБА лигата откако и во вториот натпревар го совладаа Сан Антонио Спарс, овојпат 105:104 и направија огромен чекор кон шампионскиот пехар!

Преводници на Никс до триумф беа Карл-Ентони Таунс со 21 поен а по 20 запишаа Џејлен Брансон и Микал Бриџис. Стандардно најдобар кај Сан Антонио Спарс беше Виктор Вембанјама кој на овој натпревар постигна 29 поени а Диерон Фокс го следеше со 20 поени.

Њујорк Никс имаа контрола врз состојбите на теренот во текот на целиот натпревар и делуваше како да се сигурни во победа на гостински терен пред противнички навивачи.

Но домаќинот успеваше да се враќа и преку високиот Вембанјама го внесоа натпреварот во драматична завршница.

Во последната минута резултатот беше 104:104 а тогаш Сан Антонио имаше и напад за победа или последен шут но на 12 секунди до крајот токму Вембанјама направи голема грешка, ја изгуби топката, а Њујорк Никс го искористи подарокот и од слободни фрлања го решија победникот.

Њујорк Никс направи два „брејка“ среде Тексас, доби два натпревари на гости и сега ја носи серијата во својот „Медисон Сквер Гарден“ каде пред своите навивачи ќе има голема шанса да ја освои шампионската титула после повеќе од 50 години!

Бренсон, Бриџис и другарите имаат уште два натпревари да ја освојат титулата.

6 јуни 2026 - 09:27