Брат на брата пред Светско

Брег на Слонова Коска ја победи Франција 1-2 после пресврт во Нант во натпревар кој беше една од последните подготовки пред почеток на Светското првенство. Французите поведоа први преку Рајан Шерки во 45' минута, а Брег на Слонова Коска победи со головите на Гуела Дуе и Амад Диало. Интересно братот на Гуела Дуе, Дезире Дуе по втор пат стана европски шампион со ПСЖ и важи за еден од најдобрите играчи во репрезентацијата на Франција. Дезире беше на клупа за резерви зошто доби поштеда од селекторот Дешан.

5 јуни 2026 - 15:02