Ривалството на Сент Етјен и Лион важи за едно од најголемите во Франција и затоа пораз од 5:0, особено на домашен терен е неприфатлив за навивачите кои и отворија работа на полицијата и редарите.
Прекинот се случи во 85-та минута, кога стрелецот на петтиот погодок Набил Фекир го прослави голот во стилот на Меси, а тоа беше провокација за домашните навивачи.
Сент Етјен на полувреме губеше 0:2, а на самиот старт на вториот дел остана со играч помалку откако Лео Лакроа доби директен црвен картон.
Натпреварот продолжи по дваесетина минути пауза по која гостите ја потврдија високата победа. Интересно Лион славеше 5:0 и на претходното гостување во Лига 1 со Троја на 22 октомври.