Сент Етјен игра мизерна сезона и нема ни една победа во 12 кола. Најтрофејниот француски клуб заслужено е на последно место. Викендов играа со директниот ривал за опстанок Мец. Примија гол уште во 9' минута, ама во 16-та Вахби Хазри со еден супершут од 68 метри (официјално измерени) го постигна најдалечниот гол во историјата на францускиот фудбал.
Еден од најтрофејните и најстари француски клубови, Сент Етјен води жестока битка да опстане во Лига 1. Ама затоа во Купот на Франција синоќа со гол во 90+4’ минута го елиминираа Рен 2-1 и се пласираа во големото финале каде ги чека ПСЖ и каде не биле цели 38 години.
Малку му била оваа навала од тројца, па Томас Тухел се решил и за Икарди во напад, а се работи за Лига Куп натпревар. И после ПСЖ - Сент Етјен 6:1 ќе заврши и ќе има паника во одбрана. Епа ќе има.
Иако малкумина знаат, во Франција жестината на дербито меѓу Сент Етјен и Лион е речиси идентична како онаа пеколната меѓу Пари Сен Жермен и Марсеј. Ако не и поголема.
Еден од подобрите француски напаѓачи на денешницата, Бафетимби Гомис има прилично необјаснив случај - каде и оди дава голови, но кога менува средина паѓа во несвест. Лекарите велат дека ова е единствен ваков случај за професионален фудбалер.
Фудбалерите на Лион му приредија дебакл на Сент Етјен и тоа гостински терен, а тоа толку ги здоболи домашните навивачи кои влетаа на терен и го прекинаа мечот.
Лига Европа можеби го нема истиот квалитет за гледање фудбал како Лига на шампиони, ама секогаш нудел квалитетни навивачки претстави за гледање. Синоќа во преден план беа навивачите на Сент Етјен на Олд Трафорд.
Во 1/16 финалето на Лига Европа вечерва на ’Театарот на соништата’ еден против друг ќе се сретнат браќата Флорентин и Пол Погба чија животна желба била да се најдат на ист терен во професионалниот фудбал.
Покрај неизоставниот „Енфилд Роуд“, тука се уште и стадионите на Севиља, на Урава Ред Дајмондс од Јапонија, Рома, Фенербахче, Борусија Дортмунд, Селтик. ПАОК, Розарио Централ.
Европското 2016 ќе се игра на 10 места ширум земјата. Франција потрошила околу 1,6 милијарда на изградба на пет нови и реновирање на веќе постоечките стадиони. Единствено Стад де Франс остана негибнат, а на него ќе се отвора и затвора првенството.
Вечерва се играат првите натпревари од Лига Европа, а изненадувањето на вечерта се случи во Данска, каде Манчестер Јунајтед загуби 2:1 од Митјиланд, екипа која игра првпат од декември.
Во Нион попладнево, по ждрепката за ЛШ, се извлекоа и двојките за второто по ранг натпреварување на УЕФА. 32 екипи останаа во Лигата на Европа, од кои 24 дојдоа преку групната фаза, а другите по испаѓањето од Лигата на шампионите.
Во пресрет на ждрепката за групите на Европското првенство 2016-та, која ќе се одржи на 12. декември во Париз, ќе ги разгледуваме градовите домаќини на континенталниот турнир. Стадионите веќе ги запознавме, а од градовите прва е Ница.
Фудбалерите на Скендербег го направија најголемото изненадување во Лигата на Европа откако со убедливи 3:0 го понижија португалскиот гигант Спортинг. Близу пласман во 1/16 финалето се Лацио, Базел, Сент Етјен и Тотенхем.
Петмина навивачи на Сент Етјен синоќа беа уапсени пред средбата од ЛЕ против Лацио. Добро и што не влегоа на Олимпико со оглед на тоа што планирале да го внесат.
За само една недела лидерите во Серија А, Премиер лигата и Ла Лига беа шокирани со ист резултат, а тоа му се случи и на второпласираниот Сент Етјен во Франција.
Хуманитарниот меч за борба против сиромаштијата и еболата организираа Зидан и Бразилецот Роналдо. Од нивна беа нивните пријатели кои играа против ѕвездите на Сент Етјен во Франција.
Барселона славеше 4:0 против Алмерија, но Каталонците нема мирно да спијат по синоќешниот настап на Ибрахимовиќ во францускиот куп. ПСЖ славеше 4:1 против Сент Ејтен и се пласираше во финалето. Ибрахимовиќ го даде 100-от гол во парискиот дрес.
Со голот на Ибракадабра од пенал, ПСЖ го победи Сент Етјен на гости и остана на 4 бодови зад лидерот Лион. За време на дуелот, Швеѓанецот играше мајтап со противничкиот фудбалер Пол Баис или поточно „Јас тебе прв пат те гледам, а ти мене мора да ме знаеш“.
Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.