Патот до Базел, извлечени паровите за Лига Европа:

Дортмунд против Порто, Клоп се враќа во Германија

Во Нион попладнево, по ждрепката за ЛШ, се извлекоа и двојките за второто по ранг натпреварување на УЕФА. 32 екипи останаа во Лигата на Европа, од кои 24 дојдоа преку групната фаза, а другите по испаѓањето од Лигата на шампионите.

ВАЛЕНСИЈА - РАПИД ВИЕНА
ФИОРЕНТИНА - ТОТЕНХЕМ
БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ПОРТО
ФЕНЕРБАХЧЕ - ЛОКОМОТИВ МОСКВА
АНДЕРЛЕХТ - ОЛИМПИЈАКОС
МИТЈИЛАНД - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
АУГЗБУРГ - ЛИВЕРПУЛ
СПАРТА ПРАГА -  КРАСНОДАР
ГАЛАТАСАРАЈ -  ЛАЦИО
СИОН - БРАГА
ШАХТЈАР ДОЊЕЦК -  ШАЛКЕ
ОЛИМПИК МАРСЕЈ - АТЛЕТИК БИЛБАО
СЕВИЉА -  МОЛДЕ
СПОРТИНГ ЛИСАБОН - ЛЕВЕРКУЗЕН
ВИЉАРЕАЛ - НАПОЛИ
СЕНТ ЕТЈЕН - БАЗЕЛ

Првите натпревари ќе се играат на 18 или на 25 февруари, а реваншите ќе се играат или на 10 или на 17 март. УЕФА дополнително ќе одлучува за датумите на одигрување на оваа фаза, како и за домаќинството на тимовите. Четвртфиналето е закажано за 18 март и 7 април, а полуфиналето ќе се игра на 28 април со реванши на 5 мај. Финалниот дуел е закажан за 18 мај во Базел на Сент Јакоб Парк.

Занимливости за паровите во Лига Европа:

- Фенербахче и Локомотив Москва ќе се сретнат по првпат во историјата и тоа во моментот на криза во односите меѓу двете држави по уривањето на рускиот авион; Средбата ќе се одигра во вторник на 16. февруари, на само два дена пред дербито на Фенер со Галатасарај;

- Јунајтед никогаш во историјата не играл против данскиот Митјиланд;

- Борусија Дортмунд и Порто и покрај редовните настапи во Европа, немаат ниту еден официјален меѓусебен натпревар;

- Наполи е најефикасен тим во историјата на ЛЕ со 74 постигнати голови. ПСВ и Виљареал имаат по 72.

- Виљареал и Наполи се сретнаа во истата фаза од Лига Европа и во сезоната 2010/2011 кога во Шпанија заврши 0-0, а Жолтата подморница победи 1-2 на гости и се пласираше понатаму;

- Марио Гомез и Мохамед Салах ја однесоа Фиорентина во осминафиналето на Лига Европа лани, откако Виола го елимираше Тотенхем;

- Рекордерот Севиља е рекордер по бројот на титули во Лига на Европа. Андалужаните имаат три трофеи од кои два во последните две години;

- Валенсија во 2004. година ја освои Лигата на Европа откако го совлада Марсеј во финалето. Тоа беше прв трофеј за Валенсија после цели 24 години;

- Јирген Клоп и Ливерпул ќе играат против Агузбург, екипата која за првпат во историјата стигнува во оваа фаза од едно европско натпреварување како дебитант;