Извлечени паровите од 1/8 финалето во ЛШ:

Барса против Арсенал, Рома оди на Реал Мадрид

Денешната ждрепка за ЛШ во Нион донесе неколку мега дерби дуели кои ќе се играат во вториот месец од следната година.

1/8 финале ЛШ парови:

ГЕНТ - ВОЛФСБУРГ
РОМА - РЕАЛ МАДРИД
ПСЖ - ЧЕЛСИ
АРСЕНАЛ -  БАРСЕЛОНА
ЈУВЕНТУС - БАЕРН МИНХЕН
ПСВ АЈНДХОВЕН - АТЛЕТИКО МАДРИД
БЕНФИКА - ЗЕНИТ
ДИНАМО КИЕВ - МАНЧЕСТЕР СИТИ
 
Датуми на осминафиналето:
 
1/8 финале: прв меч 16-17-23-24 февруари / реваншите 8-9-15-16 март.
1/4 финале: 5-6 април / реваншите 12-13 април.
1/2 финале: први мечеви 26-27 април / реваншите 3-4 мај.
Финале: 28 мај во Милано.

Занимливости поврзани со осминафиналните парови:
 
- На навивачите на Арсенал сигурно им се врати флеш бек на двомечот против Барселона од 2010/2011 кога во Лондон славеа 2:1, а таму загубија 3:1 откако Ван Перси доби црвен картон во првиот дел.
 
- Барса и Арсенал се среќаваа и во сезоната 2009/2010 и во париското финале во 2006. година
 
 
 

- Горан Попов го играше последниот двомеч меѓу Динамо Киев и Манчестер Сити кои последен пат се сретнаа во сезоната 2010/2011. Украинците славеа со вкупен резултат 2-1. Победија дома 2-0 а на гости загубија 1-0, а Македонецот беше меѓу подобрите на реваншот на Етихад.
 
- Кристијано Роналдо постигна 11 голови во групната фаза што е рекордно достигнување. Португалецот сега има 88 вкупно голови со што води на вечната листа на стрелци во Лигата на шампионите.
 
- Гент за првпат во историјата ќе игра во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако ја мина групата во конкуренција со Зенит, Валенсија и Лион.
 
- Минатата сезона ПСЖ го елиминираше Челси со голот на Тиаго Силва во судиското продолжение. Мечот остана во сенка на црвениот картон на Златан Ибрахимовиќ, кој имаше среќа што неговиот тим се одбрани со играч помалку и отиде понатаму. 

 

- Рома е првата екипа во историјата што се пласирала во осминафиналето со шест бодови во група.