По победите против Шахтјор и Реал, дебитантот во Лига на шампиони вечерва оди на мегдан кај актуелниот шампион на Италија. Играчите се импресионирани од гостувањето и некој да не знае дека се фудбалери, ќе помисли дека ова туристичка тура. Боби е еден од ретките кој не снимаше.
На 25 октомври 2015 година Синиша Михајловиќ реши да му даде шанса на 16-годишниот Џанлуиџи Донарума кој дебитираше за Милан во Серија А на мечот против Сасуоло (2:1). Од тогаш стана незаменлив голман на росонерите.
Брајант беше навивач на Милан, носеше нивен дрес, а тоа им го кажа и кога ги посети во Миланело и тоа на италијански. Погледнете ја оваа атмосфера пред четвртфиналниот дуел од Купот на Италија меѓу Милан и Торино. Морници.
Популус е американски гигант, архитектонска компанија која се занимава со проекции и изградба на спортски арени, стадиони, сали. Тие се близу да ја добијат работата од градот Милано и клубовите Интер и Милан, да почнат со изградба на новиот стадион наместо легендарниот Сан Сиро.
Бразилецот пред и по овој меч имаше страшни настапи во дресот на Барселона. Ама ова што го одигра на „Сан Сиро“ таа априлска вечер пред 13 години беше нешто необјасниво.
Паднатиот гигант сфати дека мора да почне од нула, со нова структура, нов тренер, нова екипа и нов проект, за да се врати онаму каде што му е местото - на врвот на италијанскиот, европскиот и светски фудбал. Каков проект има новата управа?
Налик на средовековен храм, „Сан Сиро“ претставува величествена арена која не може да се споредува со кој било друг стадион на светот. Гигантски голем, дом на миланското дерби и со големите црвено-црни и сино-црни знамиња по оградите е нашето детство и наша младост.
Миланската фудбалска Скала е позната како „Сан Сиро“, но властите на градот во 1980-та година решаваат да го преименуваат по најголемиот фудбалски феномен на Италија до тогаш, а можеби и до денес.
Во тоа време дојдоа на „Сан Сиро“ како големи засилувања затоа што со Ајакс доминираа во Европа под водство на Ван Гал. Тифозите на Милан имаа големи очекувања но добија тешки разочарувања.
Просто неверојатно е на еден од најголемите и најубави стадиони во светот, миланската катедрала на фудбалот „Сан Сиро“ илјадници луѓе да испуштаат мајмунско-расистички крици кога топката во нозе ја има противнички црномурен играч.
Во чест на големото дерби против големиот ривал кое заврши 0:2, тифозите на Милан организирани под групата Curva Sud пред средбата со Јуве демонстрираа врвна кореографија.
Покрај Црвена звезда која 27 години не играла во Лига на шампиони, долги години (вкупно 6) чекаа и навивачите на Интер кои синоќа бурно го прославија триумфот над Тотенхем со два гола во последните минути од мечот.
Иако го води Милан речиси три месеци, досега никој не забележал за необичната мотивација на Џенаро Гатузо за своите играчи. После секој триумф им дозволува да му удрат по една заушка/чушка.
На 7. ноември 1999 година, точно пред 18 години на крајот од мечот Милан - Венеција, голманот на гостите Казаца беше исклучен а неговиот тим во тој момент немаше веќе право на измени.
Иако се работи за историски меч во плејофот од ЛЕ и гостување против најтешкиот можен противник со седум европски круни, сепак во таборот на македонскиот вицешампион владее позитивен дух со кој вечерва од 20:45 ќе се обидат да го изненадат Милан.
За разлика од управата на првакот, раководните луѓе на вицешампионот на земјава одлучија картите за мега-дуелот со славниот Милан да бидат по далеку поевтини цени од оние за мечот Вардар - Фенербахче.
Штом Сан Сиро крцаше во 3-то квалификациско коло за ЛЕ, тогаш Шкендија дека биде спремна, бидејќи домаќинот ќе има поддршка од сигурно најмалку 70.000 навивачи.
На најавата на играчите пред мечот Милан - Рома, кога спикерот стигна до бројот 10 на гостите, цел стадион стана и со долг аплауз ја поздрави легендата која сезонава завршува со фудбалот. Спалети не го стави во игра и продолжи да тера инает.
Пред 50.000 навивачи на Сан Сиро, младиот Драган Стојковиќ-Пикси ja зема топката од половина терен и си поигрува со великаните Паоло Малдини, Мауро Тасоти и Франко Барези. Тоа беше првиот дуел од двомечот меѓу Милан и Црвена звезда во Купот на Европски шампиони 1988/99 година. Во Милано заврши 1-1 а во Белград Руд Гулит и Ван Бастен од пораз ги спаси густата магла.
По повод 22 март, Светскиот ден на водата признаен во Обединетите Нации, и спортот има што да каже. Незаборавни и епски моменти на силен град кои не ги спречија спортистите да тераат по свое.
Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?
Сторијата околу празниот и мал стадион на Монако нè натера да прочепкаме кои се најголемите стадиони во секоја европска земја. Има стадиони со капацитет од 10.000 гледачи но има и храмови на фудбалот кои примаат над 70.000 гледачи.