Откриен проект на една од двете компании за новиот стадион Сан Сиро

Популус е американски гигант, архитектонска компанија која се занимава со проекции и изградба на спортски арени, стадиони, сали. Тие се близу да ја добијат работата од градот Милано и клубовите Интер и Милан, да почнат со изградба на новиот стадион наместо легендарниот Сан Сиро.

Навивачите на Милан и Интер се поделени. Едни тврдат дека новиов стадион според проектот се наоѓа на границата меѓу ремек дело и срање. Други тврдат дека ќе биде многу футуристички и ќе нема призвук на народност и традиционализам како досегашниот храм на фудбалот во Милано.

Другиот нацрт, оној од компанијата Маника (исто од САД) ќе биде објавен во четврток во 11 часот.По се изгледа, Маника планира да гради овална форма на стадион, а Популус правоаголна форма.

24 септември 2019 - 12:13