Набрзо „Сан Сиро“ ќе оди во историјата. Претседателот на Милан, Паоло Скарони соопшти на прес-конференција дека со Интер се договориле за изградба на нов стадион во истиот реон кај сегашниот. Актуелниот ќе биде срушен.
Целиот проект за изградба на нов модерен страдион ќе ги чини Милан и Интер околу 700 милиони евра, а арената ќе биде готова пред сезоната 2022/2023. Проектот уште не процурел во медиумите, но по информациите на La Repubblica, Милан и Интер биле инспирирани многу од ултрамодерниот „Мерцедес Бенс Стадион“ во Атланта (САД), а по дизајн би требало да потсеќа и на прекрасниот стадион „Metlife“ во Њујорк - дом на НФЛ тимовите Њујорк Џајантс и Њујорк Џетс.
За време на реконструкцијата и Интер и Милан ќе продолжат да играат на Сан Сиро уште три сезони.
Епскиот „Сан Сиро“ е отворен во 1926-та година. Бил изграден на место на мала црква и оттука називот во чест на светец - Сан Сиро (на италијански Сан во превод значи Свети). На почеток го викале Nuovo Stadio Calcistico San Siro (Нов фудбалски стадион Сан Сиро).
Автор на целиот проект бил Улисе Стакини, познат по уште едно величествено дело - централната железничка станица во Милано.
На почеток, „Сан Сиро“ собирал 35.000 гледачи. Првиот меч бил секако градско дерби - а Интер го совладал Милан со 6:3. На почеток „Сан Сиро“ му припаѓал на Милан, затоа што стадионот бил изграден од парите на претседателот на клубот Пјеро Пирели (да, познатиот производител на гуми е наречен во чест на неговиот татко). Интер играл на стадионот „Чивика“.
Во 1935 година „Сан Сиро“ бил продаден на градот Милано. Властите сакале да ја зголемат арената до огромни 150.000 капацитет, но планот пропаднал зошто започнала големата војна.
Милан продолжил да игра на „Сан Сиро“, а на стадионот се појавил и втор кираџија Интер, па така од 1947 година двата милански клуба играат на овој прекрасен стадион.
Првата голема реконструкција „Сан Сиро“ ја доживеал во 1955 година кога ги рашириле трибините до 85.000 места. На „Сан Сиро“ се играа три финалиња од Куп на европски шампиони и Лига на шампиони, како и шест меча од Светското 1990-та. Овој стадион редовно е домаќин на најголемите светски музички ѕвезди кои тука прават свои концерти.
На легендарниот стадион се играле и три меча од Европското првенство 1980-та, а пред почетокот на овој турнир, стадионот го преименувале во „Џузепе Меаца“ (во чест на ѕвездата на Милан и Интер од ’30-те години).
После 10 години Италија го организираше големиот Мундијал, а специјално за тоа Светско првенство стадионот бил целосно реконструиран: сите места биле направени седечки а над трибините бил поставен и кров со помош на 11 големи столбови. Од тогаш дождот никогаш не им го нарушува комфорот на гледачите. Целиот проект чинел 60 милиони долари.
На Светското 90 се одиграле 6 меча на „Сан Сиро“ вклучувајќи го и четвртфиналето Чехословачка - Германија (0:1).
На „Сан Сиро“, очекувано најлегендарни мечеви играле Интер и Милан а не репрезентацијата на Италија. Легендарните моменти се од овие два клуба.
Пример Сандро Мацола го дал најбрзиот гол во историјата на градското дерби - во 13 секунда го отворил резултатот на Милен - Интер во 1963 година:
Или кога Кларенс Сидорф го реши чудесниот кам-бек, можеби најголем во историјата на градското дерби. Во февруари 2004 година во 85’ минута го совлада високиот Толдо од 35 метри, па Милан славеше 3:2 иако губеше 0:2
Овој стадион виде море голови и од Андреј Шевченко. Украинецот во 2001 година го прегази Интер (6:0)
А исто и најголемиот на сите времиња според многумина, Бразилецот Роналдо кој го носеше дресот на Интер
А подоцна и во црвено-црниот дрес на Милан:
Секако и капитенот на македонската фудбалска репрезентација кој ги збудале од радост навивачите на Интер со гол од слободен удар во градското дерби:
На „Сан Сиро“ се случи и една од најчудните епизоди на италијанските и воопшто европски стадиони, кога навивачите на Интер од горниот прстен фрлија веспа кон трибината на која стоеа навивачите на Аталанта
Или моментот од епскиот реванш во четвртфиналето на ЛШ во 2004/2005 меѓу градските ривали (тогаш Дида го погодија со бакља)
Легендарен стадион, легендарен град, легендарни моменти