Како се прочистува јетра?

Најбитно е одлучно и гласно да викате: Хо, Хо, Хо, Хо... при што силно ќе удирате со раце во перница, сè додека не се воспостави енергетска врска меѓу интуицијата и црниот дроб. Што бе не ви е јасно?

Весна Михајловиќ е една од оние слаѓана велков типови кои ги има зилион по интернетов а на општа одушевеност од средновековната раја која има Фејсбук профил, наоколу дели совети за животот, здравјето, духовноста, светлината, исцелувањето, езотеријата и сличне пичкесиматерине.

На нејзиниот сајт можете да окапете со саати, сè додека не ви изумре и последната сива ќелија во мозокот или пак - БАМ! - во очај не решите со пиштол да си отворите нова чакра во веѓа.

Чисто како тизер, го издвојуваме делот за црниот дроб и како тој да се детоксифицира.

Весна дарлинг, што е тоа јетра?

Нашата јетра е акумулатор за целото тело која е тешка кило ипол. Одговорна е за чистење на нашиот организам од токсини. Таа не го прочистува само физичкиот аспект туку и духовниот аспект, да ѝ олесни на душата (факат е така, јер кога човек не е мамурен, колку му е само лесно на душата)

Весна, Светлино наша, тоа му доаѓа едно парче или има делови?

Десниот дел на јетрата (поголемиот) врши исправки. Левиот (следствено, помалиот) складира позитивни информации.

Откако ги утврдивме основните анатомски карактеристики на црниот дроб, можеме да пристапиме кон насловната задача: како се врши детоксикација на овој орган од два нееднакви дела кој ѝ олеснува на душата.

Ајде Веснич:

Ако јетрата е болна, тогаш сите патат (под терминот "сите", Весна мисли на органите иако  и на околината не ѝ е полесно). Ако енергијата е во застој, тогаш сме во блокада (мудро, мудро). Бледата боја на јетрата е патологија.

Потребно е да се изговара Хо, Хо, Хо, Хо... одлучно и гласно, удирајќи со рацете силно во перница, да се воспостави енергетска врска меѓу црниот дроб и интуицијата (интуиција е она што ви вели дека некој ќе ви влезе во соба и ќе ве види како мавате по перница цитирајќи изјави од Дедо Мраз).

Да се исфрлат незадоволствата.

Ако треба, на хартија да се запише она што нè мачи, проблемот кој го имаме и после да се запали таа хартија, сосе проблемот кој сме го запишале на неа (веќе бараме по сајтот на Весна дали истиот рецепт важи и за долгови).

Да се заблагодари на Господ и да се живее во согласност со сите (со сите?!). Запомнете дека гневот доведува до губење на светлината и не дозволувајте на луѓето околу вас да ви ја симнат фреквенцијата која сте ја постигнале.

Потоа Весна екстерно нè прашува:

Дали сте знаеле како јетрата да се излечи со Виолетова Светлина?
Дали сте знаеле дека можете да излечите сè што ќе посакате?

Откако ќе признаете дека не, пристапуваме кон финалниот дел на задачата "Чиста јетра" (веќе ја пееме "Чиста си, на кого радости му носиш....").

Оригиналниот предлог на Весна е да си го пуштите следново видевце...

... и додека трае музиката, да си најдете реченици кои ќе ве исчистат. Ако немате свои реченици, Весна за слободно преземање ги нуди нејзините:

1. Јас сум суштество на Виолетовиот оган, јас сум чистота од Бога посакувана

2. Моите деца се суштества на Виолетовиот оган, моите деца се чистота од Бога посакувана.

3. Мојот дом е дом на Виолетовиот оган, мојот дом е чистота од Бога посакувана.

4. Белград (аха, Скопје или Београд?) е град на Виолетовиот оган, Белград (или Скопје) е чистота од Бога посакувана

5. Србија (кај Србија, таму и Македонија, јер Виолетов пламен Шенгену не верује) е земја на Виолетовиот оган, чистота која е од Бога посакувана.

Веруваме дека го разбравте методот. Весна тврди дека све ова погоре е пренесeно од разни семинари кои ги минала и дека делува, само треба да бидете упорни.

Последно од Весна:

Среќно!

Последно од нас:

БАМ!

26 јуни 2014 - 11:37