Годинава во Rock and Roll Hall of Fame треба да влезе Крис Новоселиќ од Нирвана, првиот човек чиј главен инструмент (басот доаѓа подоцна) е хармониката.
Пред неколку години, Карнеги Хол овозможи соло концерт на еден хармоиникаш, првпат во последните 30 години.
Звукот на хармониката денес можеме да го слушнеме кај големи фаци од типот на Mumford & Sons, Arcade Fire или The Lumineers, а и претходно го имаа и постарите They Might Be Giants и Neutral Milk Hotel.
Благодарејќи на општата ретроманија, хармониката повторно здобива култен статус како во своите златни времиња кога познати актерки често се фотографирале со цигара в уста и хармониката пред себе.
Тоа најдобро го чувствуваат производителите на овој инструмент кои се на бандаш од раните 60-ти години на минатиот век, кога хармониката комплетно се повлекува пред гитарските поп групи.
Во 50-тите години, дури и во САД, хармониката била најчестиот инструмент на кој биле запишувани децата.
За смирување на претераните ентузијасти, потсетување на една изјава на Том Вејтс:
Господин е оној човек кој знае да свири хармоника ама не го прави тоа.