"Никогаш не би направил реклама со хомосексуално семејство. Не заради тоа што не ги почитувам, туку затоа што не ја гледам таа работа на начин како што тие ја гледаат. Мојата замисла за семејство е класично семејство во кое жената ја има главната улога. Ако ним не им се допаѓа тоа, тогаш може да јадат од друг бренд," изјави Гвидо Барила за едно италијанско радио.
Веднаш по ова следуваат две работи, осуда за изјавата на Барила и реакција од конкурентот Бертоли, кој на својата Фејсбук страна објави фотографија со натпис "паста и љубов за сите" и една нивна реклама од 2011-та со геј пар.
Од бизнис аспект "стравот" околу реакцијата на ЛГБТ заедницата е што нејзината куповна моќ се проценува на 800 милијарди долари годишно, а истополовите заедници (во САД) 16% повеќе одат во шопинг и во просек трошат 25% повеќе отколку хетеросексуалните домаќинства.
Свесни за својата грешка, во меѓувреме од Барила објавија видео во кое Гуидо Барила се извинува за својата грешка, во кое објаснува дека "има уште многу да учи околу живата дебата за еволуцијата на семејството."