Да бидеме реални, не постои човек, советници или ПР екипа која може да спреми некого толку добро за да се осигура дека некој негов слободен лет нема да се претвори во слободен пад. Колку и да успеале во животот, кај некои луѓе не можеш да претпоставиш какви сè дупки постојат во нивното знаење и познавање на светот па да знаеш што однапред треба да пополниш.
Кога Заев беше комплетно скриптиран и требаше само да ги прочита најавите за оние бомби, кои беа максимално професионално спакувани да го спремат слушателот „како да ги слуша“, тој тоа го изведе комплетно мазно.
Штом го пуштија малку и сам да игра (имаат тие служби и други работи) го добивме вистинскиот Заев и сите негови квантини скокови, трети рахјТови и џинџер баланси. Наш човек, политичар и успешен бизнисмен, кој пред сите ја разголува вистината како изгледа кога некој, силни години не инвестирал во себе, туку во трговија со пиперки и други бизниси.