Ако го прашате легендарниот Андриј Шевченко, денес селектор на Украина кој пенал го сонува понекогаш, веројатно би ви одговорил на оној со Дудек против Ливерпул во финалето во Истанбул.
Но за напаѓач каков што беше Шевченко, сигурни сме дека има уште една грешка, исто од пенал која што еднакво „го пече“ ден-денес.
Иако тогаш немаше ништо сериозно како што беше финале на Лига на шампиони, туку имаше само три бода во првенството. Познатите напаѓачи често се сеќаваат дека центарфор може да прифати промашен пенал но никогаш нема да го заборави.
Особено не ако голманот е бек којшто ситуацијата со црвен картон го натерала да облече ракавици.
Се играше 9. коло од Серија А на 7. ноември 1999 (денешен ден). Венеција беше претпоследна на табелата со само еден бод (освоен против Интер на Липи). Одеа на нозе кај Милан на „Сан Сиро“ каде Шевченко беше најдобар стрелец во првенството со 7 гола во тој момент.
Милан напаѓаше цело време преку Шевченко, Бироф и Веа но на паузата се замина без голови. Резултатот го отвори Бироф во 55’ минута на асистенција со глава од Веа. Во 68’ минута Веа зголеми на 2-0 а десет минути потоа Шевченко тргна сам кон голот, дрибна двајца противници кога Казаца го фаулираше и доби црвен картон.
Необично Билика одбрани и пенал и шутот на Бобан во продолжение од акцијата, но беше немоќен при првиот гол на Пјерлуиџи Орландини во дресот на Милан... Секако, Фабио Билика влезе во аналите како еден од ретките бекови кои одбранил пенал и тоа на Шевченко.