Во 34. коло од бразилската Серија А, на мечот Форталеза - Коритиба гостите изгубија 3-1, добија 5 жолти и 2 црвени картони, а резултатот можеше да биде поубедлив ако во 90+8' минута гостинскиот центарфор Мартин Сарафиоре не одбренеше пенал.
Манчестер Јунајтед го совлада Норич со 1:3, но на овој натпревар промаши два пенали: Холандскиот голман Тим Крул (сетете се на пенал серијата Холандија - Костарика на Светското 2014) им ги одбрани ударите на Маркус Рашфорд и Антони Марсијал.
Французинот имал бледа полусезона минатата есен кога се работи за пенали, но затоа во 2019-та година фати неколку исклучително важни пенали, од кои најбитен беше синоќешниот против „граѓаните“.
На младинскиот турнир Future Champions во ЈАР, младинците на Спартак Москва и Орландо Пајретс играле 1:1 па се отишло на пенали. А таму Русинот Влад Шитов и голманот Блејк Франзен имаа интересна дешавка.
Во првите 10 кола премиерлигашите добија 32 пенали. Најважниот го промаши Ријад Марез (во дербито со Ливерпул на Енфилд), најeфективниот го изведе Жоржињо од Челси против Хадерсфилд, а најозборуваниот пенал го шутираше Погба.
На 7. ноември 1999 година, точно пред 18 години на крајот од мечот Милан - Венеција, голманот на гостите Казаца беше исклучен а неговиот тим во тој момент немаше веќе право на измени.