Сега Манчестер Јунајтед веќе има 4 промашени пенали досега сезонава - во август Пол Погба не реализираше удар од белата точка на мечот со Вулверхемптон, а во следното коло Рашфорд промаши против Кристал Палас.
За 10 кола судиите досудиле 6 пенали во корист на Јунајтед, но тимот на Солскјер реализирал само 2 (и двата Рашфорд).
Оле во последно време постојано е на страна на играчите, па така и за пеналите не ги критикува:
„Они (Погба и Рашфорд) се уверени во себе и добро шутираат пенали. Во иста ситуација западнав и како играч кога промашував пенали за репрезентација. Кога во тимот имате двајца добри пеналџии, топката треба да ја земе тој што е посигурен во себе. Екипата не е обврзана да има конкретен пеналџија“.
После голот на Рашфорд од пенал на мечот со Лестер во септември, Солскјер одново го поддржа напаѓачот:
„Маркус постојано тренира пенали, и може да шутира во кој било агол а може и во средина, тој е смирен. Секој центарфор промашува пенали. Сум ги видел и Марадона и Меси како промашуваат. Сум го видел и Платини против Бразил и Зико, мојот најомилен играч на сите времиња како има промашено. Едноставно треба да се биде сигурен во себе за да се проба пак следниот пат. Што полошо може да се случи?, ги правда Оле своите фудбалери.
Манчстер Јунајтед на мечот со Норич во неделата стана првиот тим од Премиер лига што стигнал до 2.000 постигнати гола (Скот Мектоминеј го даде рекордниот). Рашфорд не даде гол од пенал, ама даде од игра. Ова е 50-ти гол на Маркус за Јунајтед во сите натпреварувања а има само 21 година.
Јунајтед ја прекина серијата од четири меча без победа во Премиер лига и на крај конечно избега од долниот дел на табелата. Сега се на 7. место.