Таг: маркус рашфорд

Рашфорд игра на свадба или на дерби?

Во време на Фергусон беше непоимливо Манчестер Јунајтед да прими 4 комада на дерби, а не па да го загуби во 100-та и 101-ва минута. Погледнете го Маркус Рашфорд како го чува Кол Палмер кој ги реши со хет-трик, мислиш со Шрузбери играат и водат 5:0.

Соло акцијата на Рашфорд за која цел стадион му пукна сеир

Имаше желба за еден дриблинг до два, па и за еден убав центар шут, ама...

Во 2016 Дин Хендерсон од трибини го славел првиот гол на Рашфорд, сега играат заедно

На мечот во Истанбул каде Манчестер изгуби од Башакшехир со 2:1, во Лига на шампиони дебитираше младиот 23-годишен голман на Јунајтед Дин Хендерсон кој му е резерва на Де Хеа.

Шансата на Рашфорд по која ќе фрчеа Меси наслови

Маркус Рашфорд одигра блескав меч против Лајпциг и го постигна најбрзиот хет-трик во ЛШ постигнат како резервен играч, кој му успеа за 27 минути. Но за влакно можеа да бидат и четири ако реализираше по овој прекрасен слалом.

Во изобилство вести за протести и вирус, ретко кој следеше што направи фудбалер на Манчестер

Светот помина низ неколку бурни месеци и недели - дел од човештвото се бореше со пандемија, друг за правата на црнците. Во шума вести од овие две теми, ретко кој читаше и слушаше што постигна напаѓачот на Јунајтед Маркус Рашфорд.

Малку фалеше после рабона да падне голот на деценијата

Во сезоната кога го освоија пехарот во Лига Европа 2017/2018, фудбалерите на Манчестер Јунајтед имаа тешко четвртфинале со Андерлехт. Во Брисел заврши 1-1, а реваншот на Трафорд исто 1-1. Во судиско продолжение Рашфорд со рабона го наоѓа Погба кој пробува ножички. Да влезеше овој гол, ќе беше најубав на деценијата во Европа.

Пречката на Рашфорд уште се тресе на Олд Трафорд

Во големото дерби и враќањето на Мурињо на „Олд Трафорд“ по отказот кој го доби од Манчестер, домаќинот се израдува на триумф од 2-1. Играч на мечот беше Маркус Рашфорд со два гола а можеше да даде уште најмалку два.

Дојди на два пати да се пробаш со батко ти Рашфорд

Селекцијата на Косово помина далеку полошо дома, отколку на гостувањето во Англија. Таму 4:3, дома 0:4. а најмногу во игра еден на еден го окрка овој дефанзивец во дуел со Рашфорд.

Маркус полека бе, зад гол го прати човекот

Манчестер Јунајтед вака така фати фин ритам, има 5 победи на последните 6 средби на сите натпреварувања. Ама гледајте го вие на Рашфорд ритамов. Роналдињо се гордее.

Освоивте 3 бода во куп а? Добро Рашфорд

Седум месеци беа дрва на гости и не можеа да победат, па потоа им писнаа на три екипи три по ред, по една во ЛЕ, Премиер Лига и Карабао Куп. Ѕвезда на вечерта на Стемфорд Бриџ синоќа беше Маркус Рашфорд кој го елиминираше Челси со 1:2. Имаме еврогол за гледање во стилот на Жунињо и еден лапсус.

Ако не па Бекам да го вратиме

Манчестер Јунајтед го совлада Норич со 1:3, но на овој натпревар промаши два пенали: Холандскиот голман Тим Крул (сетете се на пенал серијата Холандија - Костарика на Светското 2014) им ги одбрани ударите на Маркус Рашфорд и Антони Марсијал.

Солскјер создаде идентитет и го оживеа и Рашфорд

Oд Манчестер Јунајтед си замина тренер со педигре и 25 трофеи во нецели две децении, а го замени младич кој сега почнува да го учи занаетот. Ама ништо не значат името и бројките. Важна е новата енергија која кружи во тимот и која ги опива играчите.

Рашфорд бе ти ли вака?

По извонредната серија од 8 од 8, Оле Гунар Солскјер се сопна дома против Барнли и среќа што стигна до бод со оглед на тоа се вадеше во 87-ма и 92-ра минута. На 0:0 имаа 100% шанса која не се пропушта. Локум топка за Маркус Рашфорд со голман еден на еден, арно ама овој ја заврши супер за никаде.

Ова е Премиер лига или рагби?

Шестката од Њукасл, Џамаал или како и да се вика го собори Маркус Рашфорд како да е ова некој боречки спорт, а не фудбал. Судијата мртов ладен. Не бе кај видовте фаул, не го допре.

Маркус Рашфорд се претвори во Роналдињо

Манчестер Јунајтед по 3 кола со Солскјер е во екстаса. Има 3 од 3 и гол разлика 12:3. Норвежанецот го оживеа и Погба, кој синоќа ги збрца првите два гола. Погледнете само што им направи Рашфорд на двајца противници пред да му асистира. Денеска се на психијатар и двајцата.

Рашфорд го врати Модриќ во Тотенхем

Фудбалерите на Хрватска бадијата го славеа толку триумфот над Шпанија во Лига на нации, бидејќи не успеаа да го минат другиот сериозен тест наречен Англија. Гордиот Албион со пресврт победи 2:1, а на социјалните мрежи хит број 1 е дриблингот на Маркус Рашфорд против Златната топка.

Моментот кога Англија безобразно сакаше да даде гол

Додека Хрватите го славеа голот на Манџукиќ во второто продолжение од полуфиналето, Англичаните сакаа „на кварно“ да им вратат со брзо изведување од центар. Но судијата ги спречи во согласност со правилата.

Колку јако голчиште му даде Рашфорд на Навас

Англија ја совлада Коста Рика 2:0 на последните контролки пред Мундијалот, а Маркус Рашфорд толку добро ја збибери во агол, што Кејлор Навас можеше само да сонува дека ќе ја фати. На СП ова ќе беше прогласен за гол број 1.

Детето со Осгут-Шлатерова болест кое заигра за Манчестер Јунајтед

За еден сер Алекс Фергусон да му се обрати на Мурињо и да му препорача дете, за него уште голобрад да се борат Шкотска и Англија, тогаш стварно треба да си бисер каков што е Скот Мектоминеј - новиот миленик на навивачите на Јунајтед.

Како Мурињо ја спасува сезоната на Манчестер

„За нас сезоната во Премиер е завршена, нема што да бараме“, заклучи Жозе и тргна голем товар од грбот на своите фудбалери кои сега мора да ја освојат Лига Европа за да се пласираат директно во Лига на шампиони. Ако сакаат да им дојде Гризман, секако.

Малиот Рашфорд за рутински триумф на Јунајтед во Виго

Манчестер Јунајтед ја оправда фаворитската улога во првиот меч од полуфиналето на Лига Европа против Селта Виго и со поволен резултат ќе го чека реваншот на „Олд Трафорд“ за 6 дена.

Детскиот сон на Маркус Рашфорд

Илјадници деца на планетава си посакале или помислиле колку би било убаво еден ден да го облечат дресот на Манчестер Јунајтед, но не е секој Рашфорд. Малиот тоа го посака и сè што се викаше деби настап го претвори во гол. Плус на 19 години игра со Златан.

Како се загрева Рашфорд

Талентот на Манчестер Јунајтед вчера му го сруши рекордот на Руни. Неговиот постар клупски колега дебитираше за Англија на ЕП 2004 со 18 години и 234 дена, а Маркус Рашфорд влезе против Велс во второ полувреме со 18 години и 229 дена.