Во 2016 Дин Хендерсон од трибини го славел првиот гол на Рашфорд, сега играат заедно

На мечот во Истанбул каде Манчестер изгуби од Башакшехир со 2:1, во Лига на шампиони дебитираше младиот 23-годишен голман на Јунајтед Дин Хендерсон кој му е резерва на Де Хеа.

Неверојатно звучи фактот дека Дин Хендерсон во февруари 2016-та година бил во првите редови на „Олд Трафорд“ како играч на академијата на Јунајтед и од трибини го прославил првиот, дебитантскиот гол на Маркус Рашфорд.

Тоа беше на 25 февруари 2016-та година против данскиот Мидтјиланд (5:1 триумф на Јунајтед со 2 гола на Маркус Рашфорд). Младиот шпиц и голманот Дин Хендерсон заедно тренирале во академијата на Јунајтед.

За време на дебито на Рашфорд, славниот клуб го тренираше Луи Ван Гал кој накнадно го повикал 18-годишниот Маркус на клупата за резерви наместо повредениот Марсиал.

Еве ја сега веќе легендарната фотографија: Дин Хендерсон слави од трибини, Рашфорд од терен. Синоќа играа заедно во Истанбул:

Еве го и видеото:

ХЕНДЕРСОН САКА ДА БИДЕ ПРВОТИМЕЦ

Дин Хендерсон е во Јунајтед уште од 14 години. Од 2011-та година тренира во академијата на „црвените ѓаволи“, а после го праќале на позајмици за да стекне искуство на калење. И стекнал. Секоја година имал се поголем развој.

Интересно пред тој фамозен меч со Мидтјиланд кога Рашфорд постигна 2 гола, Дин го вратија од позајмица во Стокпорт и беше на клупа за резерви на Манчестер Јунајтед за мечот од ФА Купот против Шрузбери.

Најдоби настапи во кариерата досега имаше во Шефилд Јунајтед каде беше позајмен 2 сезони. 

Во сезона 2018/2019 имал 41 примен гол на 46 меча, бил одбран за најдобар играч во избор на навивачите и најдобар млад играч на екипата која сензационално влезе во Премиер лига.

Сезоната 2019/2020: 33 примени гола на 36 меча, избран за најдобар играч на екипата.

„Дин одигра неверојатна сезона а прва му е во Премиер лига. Имаше многу натпревари без примен гол, направи неколку важни одбрани за нас, буквално Дин ни донесе неколку бода. Сигурен сум дека го чека сјајна кариера“, рекол фудбалерот на Шефилд Џон Флек.

Минатата сезона Хендерсон немал ништо послаб учинок оној на Де Хеа, дури и примил 3 гола помалку (иако играл 2 меча помалку - против Манчестер Јунајтед не настапи поради условите на позајмицата). Одбранил минатата сезона 74,6% од ударите против 72,7% на Шпанецот.

Дин Хен самиот вика дека е спремен да стане број 1 голман на Јунајтед.

„Се обидувам да немам притисок. Мојата цел е да играм фудбал следната сезона. Не сакам да седам на клупа за резерви после така добра сезона кој ми дава импулс. Од моја страна би било неразумно да седам со скрстени раце и да не бранам“, изјавил Дин Хендерсон кој би можел еден ден да стане и прв голман на репрезентацијата на Англија