Српски полицаец до државниот врв

Политички педерлаци

"Вие господа, многу мудро решивте дека одржувањето на геј парадата е во интерес на државата а веднаш потоа, храбро објавивте дека во таа манифестациија не мислите да учествувате. А од нас, српските полицајци сега чекате ние тоа да го овозможиме и обезбедиме," вели меѓу другото во своето отворено (супер отворено!) писмо до Николиќ, Дачиќ и Вучиќ, првиот човек на српскиот полициски синдикат.

"Речиси нестварно звучат зборовите на премиерот/ министер за внатрешни работи, изречени во една ТВ емисија со висока гледаност и повторени неколку пати во текот на денот, а само на два дена пред одржување на геј парадата во Белград, дека гејовите или педерите не се нормални, дека тој не мора да постане геј (педер) за некому да му се додворува.

Па, не мора господинот премиер/министер да стане геј (педер), еве, и ние можеме да потврдиме дека воопшто не личи на педер (или геј), баш изгледа онака... машки... мачо. Иако, ние стварно не знаеме зошто неговото сексуално определување би требало некого да го интересира, тоа не би требало да биде проблем за никого.

Меѓутоа, потенцијално голем проблем би можеле да бидат овие негови зборови изговорени пред самото одржување на парадата, бидејќи некој би можел да ги протолкува не само како директен повик туку и како "дозвола од нaјвисоко место" за пресметка, па и физичка, со "ненормалните". Не е битно дали некој од нас интимно се сложува со одржување на парадата, битно е што овие зборови ги изрече премиер и министер за внатрешни на една земја а неговите зборови имаат поинаква тежина од таму некои пишувања по форуми или мислења изговорени на анкети.

Дали господинот премиер/министер е свесен дека ТОЈ е главниот раководител на неколку илјади наши (и негови) колеги кои за два дена ќе бидат задолжени за безбедноста на учесниците на парадата и на останатите граѓани на улиците и плоштадите не Белград и дека тој со своите изјави веќе ја загрозил безбедноста? Наместо на колегите да им ја олесни работата, тој има ја отежнува. Наместо да ја смирува, тој дополнително ја разгорува.

Во што тоа, господине премиер/министер ги буткате вашите колеги додека вие победоносно избегавте?"

Лазар Ранитовиќ, генерален секретар на Синдикатот на српската полиција, во отворено писмо до претседателот на државата Томислав Николиќ, премиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и првиот потпретседател на Владата, Александар Вучиќ.

 

 

26 септември 2013 - 10:01