Во изобилство вести за протести и вирус, ретко кој следеше што направи фудбалер на Манчестер

Светот помина низ неколку бурни месеци и недели - дел од човештвото се бореше со пандемија, друг за правата на црнците. Во шума вести од овие две теми, ретко кој читаше и слушаше што постигна напаѓачот на Јунајтед Маркус Рашфорд.

Англискиот фудбалски репрезентативец Маркус Рашфорд е херој на месецот. Тој пред некое време организирал своја кампања за помош на децата и изврши голем притисок врз британската влада да ги врати бесплатните оброци за децата од сиромашните семејства.

22-годишниот Рашфорд во својата кампања веќе успеал да собере повеќе од 20 милиони фунти за храна за децата кои за време на глобалната пандемија не добивале бесплатни школски оброци.

Во март Рашфорд поставил цел да собере 100.000 фунти со кои ќе има бесплатни оброци за 400.000 деца. На крајот од април соопшти дека сака да собере 20 милиони фунти од донации.

„Сè оди подобро отколку што очекувавме. Прво пожртвуваноста одеше бавно, јас вложив дел свои пари, 50 или 60 илјади фунти, а после два дена собравме 140.000.

После неколку недели веќе 6 или 7 милиони фунти. Овие суми се појавија откако ни се приклучија големи компании. И за два три дена сумата достигна 20 милиони фунти. Не знаеме колку долго ќе трае ова“.

Во меѓувреме Владата на Велика Британија на чело со премиерот Борис Џонсон најпрво одлучи да ги скрати трошоците поради глобалната криза предизвикана од пандемијата и на извесно време да ги стопира бесплатните оброци по школите за време паузата поради глобалната пандемија.

Ова го активирало фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој е дете на клубот.

„Ние сме на прво и второ место во трендовите на Твитер во Англија. Ми треба помош од сите за гласот да се слушне зошто морам да тренирам, но пред да одам на тенинг, до сите пратеници во Парламентот, ова не е за политика. Како што ние фудбалерите го тргаме на страна клупскиот ривалитет кога го облекуваме дресот на Англија, ве молам заземете се“.

ВО ДЕТСТВОТО МАРКУС ОДЕЛ СО МАЈКА МУ ВО НАРОДНА КУЈНА ЗА БЕСПЛАТНИ ОБРОЦИ

Во Англија има околу 1,3 милиони деца од сиромашни семејства кои имаат право на бесплатни училишни оброци. За да нивните деца стекнат вакво право, приходите на семејството не треба да преминат 7.400 фунти годишно по одданочувањето без пресметка на какви било бенефиции.

По затворањето на школите во март, децата од сиромашните семејства добивале ваучери од по 15 фунти неделно со кои можеле да пазарат во супермаркети.

Но пред извесно време државата се откажала од акцијата и според проценките на Food Foundation, 200.000 деца останале без бесплатни оброци.

Поради тоа во понеделникот Рашфорд напишал отворено писмо до британскиот парламент.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

‪An Open Letter to all MPs in Parliament...‬ ‪#maketheUturn ‬ ‪Please share and tag your local MPs

A post shared by Marcus Rashford (@marcusrashford) on

„Сфатете, без добрината и хуманоста на луѓето кои беа околу мене, не би бил Маркус Рашфорд кој го гледате денес: 22-годишен црнец, доволно среќен што направи кариера во омилената игра.

Мојата историја е добро позната на многу семејства во Англија: мајка ми работеше две смени, заработувала минимална плата за да биде сигурна дека ние секогаш ќе имаме нормална ужина на маса. Но тоа не беше доволно.

Системот не им дозволува на семејствата како моето да успеат, независно од тоа колку посветено работеше мајка ми. Сите такви семејства се потпиравме на народните кујни, бесплатните школски оброци и добрината на соседите и тренерите. Многу добро ни беа познати бесплатните банки за храна и бесплатните оброци, добро се сеќавам секоја година како одевме во Нортерн Мур (реон во Манчестер) за да ги земеме нашите Божиќни вечери.

Летово можевме да бидеме горди на својата репрезентација: родители и деца да мавтаат знамиња на стадионот. Но во реалноста “Вембли“ може дупло да се исполни со деца кои немаат бесплатни оброци. Кога желудноците ќе им кркорат од глад, можат ли тие 200.000 деца да се гордеат со својата земја? Пред десет години јас бев едно од тие деца, така што можно беше денес да не го слушневте мојот глас.

Не се работи за политика, туку за човечност: без оглед на различните мислења, зарем не се согласуваме сите со тоа дека ни едно дете не смее да легне да спие гладно“?, им пишал Рашфорд на пратениците во Парламентот.

 

БОРИС ЏОНСОН И ВЛАДАТА ГО ОДБИЛЕ, НО РАШФОРД ОТИШОЛ ДО КРАЈ

Премиерот на Велика Британија го одбил предлогот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед: Владата ја одбила молбата да ја преиспита одлуката.

Портпаролот на Владата рекол: „Премиерот го разбира проблемот со кој се соочуваат семејствата во цела Велика Британија, затоа минатата недела владата одвои дополнитени 63 милиони фунти за помош на загрозените семејства“.

Опозициската Лабуристичка партија сметала дека ова е недоволна сума и дека за продолжување на акцијата со ваучерите се неопходни 115 милиони фунти. Рашфорд не чекал и веднаш седнал на социјалните мрежи.

На Твитер ги замолил сите кои поддржуваат бесплатни оброци да продолжат да ретвитаат

Претходно се појавил и во живо на BBC Breakfast. Таму ојбаснил дека децата треба да мислат на учење, а не што денес уште не јаделе. „Родителите на тие деца работат од утро до вечер за да обезбедат образование и храна за децата, но коронавирусот ги спречи во тоа: во април 2020 година 2,1 милион луѓе завршија невработени, а во март имаше повеќе од милион лица кои останаа без работа“.

Во понеделникот вечер Маркус Рашфорд напишал уште едно отворено писмо. Овојпат за The Times.

Писмото почнува со тоа што Раш вели дека пред 10 години некој да му кажал дека ќе пишува за The Times, тој би се смеел. Додал и дека сфаќа дека тоа што не добил резултат после претходното писмо му било исто како кога дал гол од пенал против ПСЖ во Лига на шампиони но неговиот тим не го освоил трофејот.

НА КРАЈ УСПЕАЛ ДА ГИ УБЕДИ СИТЕ, ГО ПОДДРЖАЛЕ НЕ САМО ЛАБУРИСТИ ТУКУ И КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ НА ЏОНСОН

Отвореното писмо на Рашфорд го споделил и Гери Линекер: „Ајде Борис Џонсон, ти можеш да му асистираш на овој млад прекрасен човек да го даде најважниот гол во животот. Храна за гладните деца треба да биде најлесниот пас што некогаш си го направил“.

А акцијата за враќање на бесплатните оброци ја поддржал и пратеникот од владеачката партија Џорџ Фриман.

„Бесплатни школски оброци се спас за многу семејства со ниски примања. Дајте да постапиме правилно: да ги продолжиме бесплатните школски оброци летово“.

Маркус на крај победил.

Во вторникот беше објавено дека владата го продолжува системот на бесплатни ваучери вреден 120 милиони фунти за време на летниот распуст и паузата во школите поради глобалната пандемија.

„Дури не знам ни што да кажам. Просто погледнете што може да направиме кога сме обединети, ОВА е англија во 2020“, напиша ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Велат дека во тешки времиња се појавуваат херои кои ги обединуваат сите. Маркус Рашфорд е таков херој.