Прекрасна изведба на навивачите на Милан за дербито со Јувентус

Во чест на големото дерби против големиот ривал кое заврши 0:2, тифозите на Милан организирани под групата Curva Sud пред средбата со Јуве демонстрираа врвна кореографија.

Со овој перфморманс навивачите на Милан одбележија 50-години од основањето на групата Fossa Dei Leoni, некогашна водечка група на јужната трибина од „Сан Сиро“ која веќе неколку години не постои и е претопена во други помали подгрупи.

На главниот банер стои натпис посветен до Милан: „Никогаш не те оставив“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#sansiro #milano #milanjuventus #iocero #la scaladelcalcio #rossoneri #football #footballtime #padreefiglio

A post shared by @FerdinandoC (@il_nando65) on   

А вака ја спуштаа неверојатната „шеталица“ (тифо):

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ci siamo.. Forza

A post shared by Stefano Corona (@stefano_corona12) on

Посебен „пречек“ доби Леонардо Бонучи чие име громогласно се исвирка за време на најавата на составите. Навивачите на Милан му извадија порака: „Бонучи, полош од тебе е само Скетино“. Франческо Скетино беше капетан на бродот Коста Конкордија кој во 2012-та потона при што се удавија 32 лица а Скетино избегал уште пред бродот да потоне.

12 ноември 2018 - 11:24