На крајот од ноември Џенаро Гатузо го смени Винченцо Монтела на клупата на Милан и дебитираше со срамно реми со безнадежниот Беневенто. Тогаш викаа дека Гатузо нема да потрае повеќе од пар месеци на клупата иако сега е крај на јануари и почеток на фебруари, Џенаро уште седи на исто место а Милан врза 4 победи на последните 5 меча.
Во неделата екипата на Гатузо го победи сезонава силниот Лацио.
За тактиката на Милан сите имаат многу прашања и очигледно е дека Гатузо треба уште долго време да учи, но во неговата способност да ги мотивира играчите не сомнева скоро никој. Еден од примерите за својата работа Гатузо покажа во неделата на теренот: после мечот ги собра сите играчи во круг и им дозволи да му удрат по некоја заушка на својот тренер.
„Просто сакам да ги направам задоволни. Особено играчите кои ми се лути што седат на клупата. Тоа им е шанса да ми удрат по некоја заушка, да ми се одмаздат“, изјави Гатузо за студиото Domenica на каналот Premium.
А на прес конференцијата го повтори истиот одговор со констатација дека тоа им е единствена шанса да го удрат зошто знаат што ги чека ако го направат тоа лице во лице.
Gattuso SUPER MASTERCLASS:
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) January 28, 2018
He is asked why the after match celebration getting slapped in the middle of the team:
Gattuso: “I just want to make them happy, especially the players angry with me because are on the bench, so now they have chance to slap me” pic.twitter.com/KsBGR0lvw0