Таг: мотивација

Тим-билдинзите се фрлање пари

Повеќето корппративни тим-билдинзи се обично трошење време и пари, тврди човек со 25 годишно искуство во зголемување на продуктивноста на трудот. 17 години од нив минал во гигантот Марс Инк., 107 години стариот и 35 милијарди долари вредниот глобален бизнис поседуван од семејството Марс.

Методот со кој Гатузо ги мотивира играчите

Иако го води Милан речиси три месеци, досега никој не забележал за необичната мотивација на Џенаро Гатузо за своите играчи. После секој триумф им дозволува да му удрат по една заушка/чушка.

Најмотивирачки говор во сезоната за чудесна победа

Минатиот викенд меѓу себе играа екипа која најсериозно конкурира да влезе во елитната Бундеслига и екипа на која ѝ гори под нозе и е пред испаѓање. На крајот давителот Арминија Билефелд со 6:0 го прегази фаворитот Брауншвајг за најголемо изненадување на сезоната во Германија. А целата работа е по заслуга на тренерот Џеф Саибене.

Говорот што донесе опстанок

Пред последното коло во Франција, на Тулуз му требаше победа на гости против цврстиот Анжер за да избегне испаѓање во послаб ранг. Главниот тренер Паскал Дупра ја собрал екипата и емотивно им вели дека победа очекуваат не само вработените во клубот, туку навивачите, децата, семејствата, комшиите.

За враќањето

Едно крајно мотивирачко видео посветено на сите ситуации во животот кога си паднал и кога требало да се вратиш. Ние имаме далеку пократкорочни цели и амбиции, па видеово го посветуваме на сите што се заглавени во летнава горештина - ќе има пиво, ќе има таратор, ќе има лубеница... бирај што ќе те води. Само замени "живот" со "лето" и издржувај.

За љубители на слатки животни и мрачни филозофи

Има денови, а тоа се повеќето денови, кога цитатите од стереотипно депресивните филозофи делуваат баш онака на место. Уште поубедливи и поточни стануваат кога се илустрирани со слатки животни. Дури тогаш го заслужуваат името - мотивациски постери. Еве неколку од нив.