Минатиот викенд меѓу себе играа екипа која најсериозно конкурира да влезе во елитната Бундеслига и екипа на која ѝ гори под нозе и е пред испаѓање. На крајот давителот Арминија Билефелд со 6:0 го прегази фаворитот Брауншвајг за најголемо изненадување на сезоната во Германија. А целата работа е по заслуга на тренерот Џеф Саибене.