Таг: германски фудбал

Како Вердер испадна од Бундес после 41 година

Во нашиот регион јавноста со неверица ја прифати веста дека од првата македонска лига испаѓа фудбалскиот клуб Вардар, доскорешен учесник во елитната Лига Европа кој сега ќе мора да игра по македонските села за да си ја врати честа. Нешто слично го задеси и Вердер Бремен кој беше шампион на Германија.

Сакал да биде пилот, на 25 години завршил кариера и стана светски тренер со ПСЖ и Челси

Германската девиза дека рецепт за успех е талент 10% а 90% макотрпна работа и труд, најдобро може да се види преку примерот на човекот кој со голем успех ги тренираше Мајнц, Борусија Дортмунд и ПСЖ а сега руши рекорди со Челси.

Фолксваген Буба, народната кола на Хитлер и подемот на Волсфбург

Волсфбург, град на реката Алер, 75 километри источно од Хановер е град со најголемата фабрика за автомобили на светот, изграден врз село во 1938-ма година. Најголема забава за жителите е бундеслигашот Волфсбург кој во 2003-та сензационално ја освои шампионската титула.

Дрезден игра пред затворен стадион, а продал 72.000 карти за 1 меч

Во германскиот фудбал има многу примери за тотална лојаност на навивачите кон својот клуб. Стадионот на Динамо Дрезден на пример прима нешто помалку од 30.000 гледачи, а во ситуација кога е затворен поради пандемија, продале 70.000 карти.

Кој е 38-годишниот Терзиќ кој стана тренер на Борусија Дортмунд?

Баерн Минхен направи полн погодок кога реши наместо Нико Ковач да му даде шанса на неговиот помошник Ханси Флик кој направи чуда и освои тројна круна (ја згазија Барселона 8:2 во финале на ЛШ). Дали и Борусија Дортмунд сака да тргне по тој пат?

Многу страшен гол падна во Германија

Лајпциг после 4 кола во Бундеслига е прв со 10 бода и учинок 3-1-0 со 10 дадени а само 2 примени гола. Ама настрана сè тоа, фокусирајте се на голов на Јусуф Пулсен денес за триумф од 0-2 против Аугзбург.

И од многу држење дистанца не е на арно, 37:0 се губи

Го имаме фудбалскиот натпревар меѓу највнимателните во време на корона кои дошле дефицитарни само да нема контакт, против немилосрдните и безосетните кои секој втор напад им давале гол.

Ројс влезе во игра и за 3 секунди даде гол

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс се врати на теренот после долго време отсуство поради повреда. И брзински постави нов рекорд во Германија. А рекордер синоќа стана и младиот Џуд Белингем.

Фудбалер на Хамбург се качи на сред трибини да се тепа со навивачи

Во германскиот фудбал веќе пуштаат гледачи на стадионите иако во ограничен број. Ханза Рошток и Штутгарт играа пред 7.500 гледачи, а синоќа на меч од 1/32 финалето на германскиот Куп меѓу Динамо Дрезден и Хамбург имало 10.000 гледачи без дистанца и маски.

Навивачите во Германија се збогуваа со вирусот - ни дистанца, ни маски, само песна и шалови

И покрај предупредувањата од Ангела Меркел и здравствените лица, дека враќање на гледачите на трибини би можеле да распалат нова епидемија, во Германија навивачите веќе се збогуваа со вирусот.

Голман, кафе да не сакаш?

Младиот Аргентинец Николас Иван Гонзалес постигна супер гол од пола терен на пријателската со Хамбург која неговиот Штутгарт ја доби со 3:2. Нико даде два гола од кој едниот беше мајсторија.

Унион Берлин ќе тестира по 22.000 навивачи за да има публика на стадион

Додека во Шпанија, Англија и Италија се доигруваат фудбалските сезони, Германците веќе мислат на следната. Сега главен предизвик им е како да ги наполнат стадионите во 2020/2021.

Ах кога ние би имале вакви кандидати

Емре Чан (Дортмунд), Кутињо (Баерн Минхен), Дилрозун (Херта Берлин), Торган Азар (Дортмунд), Кимих (Баерн Минхен), Левандовски (Баерн Минхен), Нојхаус (Борусија Менхенгладбах), Кваисон (Мајнц), Сарџент (Вердер Бремен), Патрик Шик (РБ Лајпциг), Силва (Ајнтрахт Франкфурт), Сков (Хофенхајм), Стефен (Волфсбург), Вернер (РБ Лајпциг), Аксел Витсел (Дортмунд).

Се заврши една сјајна кариера, на раце го носеа неуништливиот Клаудио Пизаро

Последната вечер како играч на својот Вердер Бремен, Клаудио Пизаро ја отседе на клупата за резерви. Неговиот тим успеа да одигра 2:2 со Хајденхајм и да опстане во најдоброто германско друштво. Пизаро на крај го носеа на раце.

Автомеханичарот кој се изнадава голови и го внесе Билефелд во Бундеслига

Фабиан Клос е капитен и права легенда на Арминија Билефелд. Фудбалер кој цела кариера ја мина меѓу втора и трета германска лига, постигнал повеќе од 100 гола а сега е настроен да му ја симне круната на страшниот Роберт Левандовски.

Сане дојде во Сити поради Гвардиола, а сега си отиде поради него

Германскиот шампион Баерн Минхен на сите ѕвона ја соопшти веста дека младиот крилен напаѓач Лерој Сане е нивен нов играч. Го покажаа дури и со нивен дрес и со потпис на договор. Зошто овој најталентиран европски играч замина од богатиот Сити?

Хамбург - најголем малер по рестартот на фудбалот

Пред продолжението на фудбалот во Германија, некогашниот европски шампион Хамбург беше на место во втората лига кое води во Бундеслига. По рестартот изгубија дури 6 бода само во судиско продолжение и се простија од директен пласман во Бундес.

„Има многу црнци во екипава, ова веќе не е мој тим“, навивач на Мајнц ја вратил сезонската

Фудбалскиот клуб во кој играчкото и тренерско име го изгради Јирген Клоп а долги години капитен и клупска икона беше Николче Новески, се соочува со непријатности од свој навивач.

Кај ви текна па сега ова?

Значи стварно држи вода муабетот дека ништо повеќе нема да биде исто.

Карамбол па смешен автогол

Буквално во последните секунди од мечот Јан Регензбург - Нирнберг (2:2) во германската втора Бундеслига, по еден циркус во домашниот шеснаесетник, Тим Книпинг си даде ефектен автогол со глава и му дозволи на Нирнберг да однесе вреден бод во борбата за опстанок.

За да купи паста за заби и крема го нарушил карантинот - тренерот на Аугзбург го пропушта стартот

На 16-ти мај фокусот на светот на спортот ќе биде свртен кон камбекот на една од европските топ5 лиги. Бундеслига се враќа со детален протокол.

Знаете ли за јарецот кој традиционално го отвора секој натпревар на Келн?

Традиција долга речиси 7 децении и една од понеобичните во европскиот фудбал воопшто. Таква приврзаност меѓу навивачи и една жива маскота скоро и да нема никаде на друго место.

Ако е вака, ич не почнувајте со Бундеслига

Германската Бундеслига е накострешена да ја возобнови сезоната на 9 мај, иако властите во оваа земја уште ништо официјално не решија.

Сите мислат на фудбалерите, а некој во кризава да помислеше на редарите?

И покрај тоа што сочинуваат повеќе од 60% од вработените на стадионите во првите две германски лиги, малку кој мисли и ги поддржува овие работници за трета страна кои изгубиле за време на коронавирусот.