Автомеханичарот кој се изнадава голови и го внесе Билефелд во Бундеслига

Фабиан Клос е капитен и права легенда на Арминија Билефелд. Фудбалер кој цела кариера ја мина меѓу втора и трета германска лига, постигнал повеќе од 100 гола а сега е настроен да му ја симне круната на страшниот Роберт Левандовски.

Во еден убав јулски ден, на улиците во градот со 340.000 жители Билефелд немало многу луѓе. Тек по некој случаен минувач. Пандемијата ги затвори и овие помали германски градови.

По пустите улици оди и еден висок русокос млад дечко во спортски тренерки и капа, попатно застанува да подели понекој автограм и да се фотографира со минувачите.

Таков е секој ден на локалниот херој Фабиан Клос - капитен и жива легенда на Арминија која пред неколку дена влезе во Бундеслига. Клос никогаш не бил јавна фигура па затоа деновиве ужива во вниманието на цела германска јавност:

ВО БИЛЕФЕЛД КЛОС Е ПРАВА ЛЕГЕНДА, НО НЕ САКА СПОМЕНИК ЗА СЕБЕ

„Скоро ми ѕвонеа од локално радио и ми кажаа дека навивачите сериозно сакаат да изградат моја биста. А и ако решат да постават споменик од мене, би сакал да ја стават некаде во шума за да поретко да ја гледам“.

Скоро секој жител на Билефелд го знае Клос. Во малиот град (мал за германски услови) тешко ќе се скрие некој ако е познат, особено ако е фудбалер кој играл безмалку 9 години за екипата и на преку 300 меча дал 152 гола!

Во Билефелд ги поминал најдобрите фудбалски години, во Билефелд се запознал со својата жена. Заедно се одамна а во 2016-та направиле скромна свадба во најголемиот христиански симбол во Билефелд - Старата црква чиј камен-темелник бил положен во XIII век.

„Заедно поминавме низ многу тешкотиии. Мојата Frau е родена тука, но ние цело време за да бидеме заедно изнајмувавме стан. Неодамна купивме постојано живеалиште“, вели Клос.

РАБОТЕЛ КАКО АВТОМЕХАНИЧАР, ИГРАЛ ЗА АМАТЕРИ И ПИЕЛ ЗА ВИКЕНДИ

Минатата година Фабиан наполнил 30 години. Тој не сака да се гледа во пасош и вели дека кариерата „штотуку“ му почнува:

„Станав професионален фудбалер на 24 години, а до тогаш патував по селските стадиони каде пред и после натпреварите со дечките пиевме пиво“, искрено раскажува Клос дека играл во селски лиги.

За раната фаза од својата кариера тој секогаш се сеќава со носталгија и вели дека аматерскиот фудбал му причинува поголемо задоволство од професионалниот.

„Тоа време беше посебно. После работна недела, за викенд се пикавме по 5-6 души во кола и одевме во најблиското село. За дуелите се спремавме обично од среда кога внимателно биравме во кој бар ќе се забодеме после мечот и колку пари да земеме за јадење, пиење“.

Интересно Фабиан Клос не почнал да тренира фудбал во фудбалска школа, а не се кае за тоа, напротив: „Тоа што станав професионален фудбалер е просто игра на случајот. Кажете го како ви е волја. Среќен сум што имав нормално детство и весела младост. Секој ден гледам на младите кои на 14-15 години се програмирано со една единствена мисла - да станат професионални фудбалери. Фала му на Бога јас не бев таков“, раскажува Клос.

Тој играл фудбал до вечер после школо, а подоцна работел во една фабрика каде го вработил татко му. Фаибан имал 20 години кога татко му го однел во заводот на Volkswagen каде почнал да учи за автомеханичар и паралелно да игра фудбал за тимот на заводот.

Еднаш Клос го викнале во канцеларија кај директорот. Таму го чекал еден возрасен човек со седа коса. Се претставил како Феликс Магат.

Без многу вртење теми, легендарниот тренер на Волфсбург кој подоцна го тренираше и шампионскиот Баерн Минхен им објаснил на таткото и синот дека го приметил Фабиан као играл за заводот и дека треба да се проба на професионално ниво.

„Јас бев шокиран а со оглед на тоа што молчеше цел пат до дома, исто и татко ми. Магат беше многу краток и јасен. Ми даде број од тренерот на вториот тим и ми рече дека ќе ме чекаат таму“.

На еден семеен ручек решиле дека платата на регионален фудбалер (Волфсбург II игра претежно во трета, четврта лига) е далеку подобра од онаа на автомеханичар во завод. Веќе следниот ден Фабиан отишол на својот прв тренинг со професионални фудбалери.

Во соблекувална му се смееле и чудно го гледале зошто дошол со полиетиленска кутија во која му стоеле копачките: „Секој играч во системот на клубот има лична опрема, па јас во свои спортски шорцеви и маица не изгледав убаво“.

До ден денес вика дека било чудно да се стане професионален фудбалер на тие години, и дека тој никогаш не сонувал да стане фудбалер. Секогаш вели дека неговиот сегашен живот е чиста случајност.

ЗА МАЛКУ НЕ СИ ОТИШОЛ ОД КЛУБОТ ПОРАДИ КОНФЛИКТ СО ТРЕНЕРОТ

Фабиан Клос дебитирал за Волфсбург II кога „железниот Феликс Магат“ веќе не бил во клубот но и без негова протекција се снашол во екипата каде за 2 години дал повеќе од 20 гола.

Во 2011-та година Клос важел за најдобар шпиц во Регионалната германска лига па наскоро дошла нова етапа во неговата кариера.

„Кога ми се јавија од Билефелд, не размислував. Трета лига? Супер! Идам!“.

Тогаш ама баш никој не можел да претпостави дека оваа авантура ќе стане судбинска - за 9 години престој во Арминија Фабиан Клос само еднаш помислил да си оди.

Пред пар лета кога тренер на Арминија Билефелд бил Жеф Сајбен од Луксембург, шпицот изгубил место во нападот. Сајбен повеќе сакал мобилни, ниски, брзи фудбалери кои ќе можат да вршат пресинг 90 минути по идејата на Јирген Клоп.

После некое време и разговор со менаџерот, Клос решил да бара нов клуб. Веднаш му се јавиле Динамо Дрезден и тренерот Уве Нојхаус.

„Никогаш не сум бил опседнат со одење во теретана, па го пропуштив моментот кога на мускулите им требаше стабилна работа. Фудбалот се менува и тренерот проба да ми го објасни тоа кога ме седна на клупата за резерви“.

За време на зимската пауза, додека водел преговори со Дрзден, Клос почнал да оди во вежбална, па најмил дури и диетолог (ако оди во друг клуб да биде во добра форма). На крај на подготовките го убедил тренерот во својата форма и пак станал стандарден првотимец. И покрај неговиот личен развој, не нашол заеднички јазик со Сајбен.

ЈА ОБЕДИНИЛ ЕКИПАТА ВО НАЈТЕШКИОТ МОМЕНТ ВО СОВРЕМЕНАТА КЛУПСКА ИСТОРИЈА И СПРЕМЕН Е ДА ГО ЛОВИ ЛЕВАНДОВСКИ ВО ТРКАТА ЗА НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ

Најтрагичен момент во неговата кариера е поразот во бараж-натпреварите против Дармштад во 2015-та година (во борбата за влез во Втора Бундеслига, Арминија имала гостинска победа од 1:3, ама испаднала после пораз дома во судиско продолжение).

„Кога ќе ме прашаат за тој меч, сакам да станам и да си отидам. Со денови не се опоравив од тој пораз. Со недели!“

(Јирген Клоп дури од трета успеал да се пласира во Бундеслига со Мајнц после два болни порази во бараж за пласман)

Клос толку многу го мачела совеста што отишол да се сретне со навивачите и да им се извини во име на целата екипа. На средбата не бирал зборови и рекол дека тој и согирачите играат катастрофално и не заслужуваат ни еден навивач.

После тој пораз многу биле сигурни дека тој ќе го напушти клубот за поголем проект, но спортскиот директор и тренерот ја засилиле екипата и побарале од него да остане. 

Минатата зима во 2019-та година кога Арминија Билефелд на големо изненадување стана есенски првак во втора Бундеслига, медиумите уште не верувале во нив и сите шанси ги давале на богатите Штутгарт и Хамбургер на кои по престиж местото им е во елитната Бундеслига.

„Дали ми вршеа притисок тие прогнози дека Штутгарт и Хамбург ќе не престигнат? Секако дека не. Неколку недели по ред пред да го осигураме пласманот јас читав статии со наслов „Чудото од Билефелд“ и си мислев: “Ама какво чудо?!“. Ние бевме први не само по резултати но и по игра. Направивме предност пред екипи во кои играат бундеслигашки фудбалери и некои поранешни репрезентативци“.

За успесите на Арминија Клос вели дека најзаслужен е тренерот Уве Нојхаус кој од просечна второлигашка екипа направи прволигаш.

„Дечките се нервираа кога на тренинзи работевме буквално едни исти работи по два часа, но знаев дека од такво внимание на секој детал ќе има корист“.

Фабиан Клос и натаму шета по улиците на Билефелд, дава фотографии и зборува засипнато (уште го држи од прославата на пласманот во Бундеслига).

Вели дека е спремен да му биде конкуренција на Роберт Левандовски.

„Дефинитивно ќе му бидам конкуренција, но главно е заедно со жителите на градот да ја победиме пандемијава и за една година да се собереме на главниот плоштад за да прославиме опстанок во Бундеслига“, заклучува високиот див Фабиан Клос.

АРМИНИЈА БИЛЕФЕЛД ВЛЕЗЕ ВО БУНДЕСЛИГА ИАКО ГЕРМАНЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ТАКОВ ГРАД НЕ ПОСТОИ

ХАМБУРГ - НАЈГОЛЕМ МАЛЕР ПО РЕСТАРТОТ НА ФУДБАЛОТ

КЛОП СТАНАЛ ТРЕНЕР НА 33 ГОДИНИ И ПРАВЕЛ ШОУ ВО МАЈНЦ КАДЕ ИСПИША ИСТОРИЈА