Германската втора Бундеслига продолжи на 16 мај и од тогаш се одиграа 8 кола. На 8 натпревари, Хамбург освои 10 од можни 24 бода и го изгуби местото кое водеше директно во прва лига.
А што е уште помалерозно по нив, Хамбург по рестартот на фудбалот после долгата пауза, изгуби дури 6 бода со голови примени во длабоко судиско продолжение.
Минатиот викенд, во претпоследното коло, во директен дуел Хајденхајм после пресврт го победи Хамбург 2-1 (автогол на гостите и гол примен во 90+6 минута).
I love football⚪️🔴❤️ #VfB #FCNVFB #FCHHSV #HSV😂😂 pic.twitter.com/uUvP8HVWbs
— foti foukas (@fotifoukas) June 21, 2020
Сега се 4-ти на коло пред крајот од сезоната, со 1 бод зад Хајденхајм којшто го држи местото кое води во баражот за пласман во Бундеслига.
Интересно, на крајот Хајденхајм игра на гости против лидерот Арминија Билефелд, екипа која што убедливо пред конкурентите се пласираше во Бундеслига. А Хамбург ќе игра дома против Сандхаузен којшто е на сигурно 12. место и не му се заканува испаѓање.
Хајденхајм има 55 бода, Хамбург 54, така што во случај првиве да победат во последното коло на гости, на Хамбург нема да му врши работа ниту триумф, така што се надеваат дека Арминија Билефелд чесно ќе одигра до крајот.