Таг: втора бундеслига

Од кога немавме видено дупната топка балонка

Во Германија веќе се одигра 2. коло од втората Бундеслига. На мечот меѓу Хановер и Ханза кој гостите го добија 0:3 при почетниот резултат имаше една комична сцена. По еден шут на фудбалер на тимот од Рошток топката се одби од еден од стоперите и голманот Колке за малку ќе примеше смешен гол.

Како Вердер испадна од Бундес после 41 година

Во нашиот регион јавноста со неверица ја прифати веста дека од првата македонска лига испаѓа фудбалскиот клуб Вардар, доскорешен учесник во елитната Лига Европа кој сега ќе мора да игра по македонските села за да си ја врати честа. Нешто слично го задеси и Вердер Бремен кој беше шампион на Германија.

Сакал да биде пилот, на 25 години завршил кариера и стана светски тренер со ПСЖ и Челси

Германската девиза дека рецепт за успех е талент 10% а 90% макотрпна работа и труд, најдобро може да се види преку примерот на човекот кој со голем успех ги тренираше Мајнц, Борусија Дортмунд и ПСЖ а сега руши рекорди со Челси.

Корнер изум на Карлсруе каков што не се видел досега

За време на мечот Карлсруе - Јан Регензбург (0:0) од 2. германска лига, домаќините во еден момент демонстрираа каков изум смислиле на тренинг.

Голот во 96-та минута после кој плачеа и двата тима

Минатата година Нирнберг испадна од Бундеслига а сега малку фалеше да потоне уште подлабоко во трета лига. Се спасија со гол буквално во последни секунди.

Автомеханичарот кој се изнадава голови и го внесе Билефелд во Бундеслига

Фабиан Клос е капитен и права легенда на Арминија Билефелд. Фудбалер кој цела кариера ја мина меѓу втора и трета германска лига, постигнал повеќе од 100 гола а сега е настроен да му ја симне круната на страшниот Роберт Левандовски.

Хамбург - најголем малер по рестартот на фудбалот

Пред продолжението на фудбалот во Германија, некогашниот европски шампион Хамбург беше на место во втората лига кое води во Бундеслига. По рестартот изгубија дури 6 бода само во судиско продолжение и се простија од директен пласман во Бундес.

Карамбол па смешен автогол

Буквално во последните секунди од мечот Јан Регензбург - Нирнберг (2:2) во германската втора Бундеслига, по еден циркус во домашниот шеснаесетник, Тим Книпинг си даде ефектен автогол со глава и му дозволи на Нирнберг да однесе вреден бод во борбата за опстанок.

Клоп станал тренер на 33 години и правел шоу во Мајнц каде испиша историја

Упорноста на најдобриот тренер на денешницата била видлива уште првпат кога седнал на тренерската клупа. Успеал да направи цел град да го засака клубот, ја подигнал посетеноста на стадионот, а екипата играле фанатично борбен фудбал.

Кои се најпознатите спортисти позитивни на коронавирусот досега?

Новиот Ковид-19 и натаму зема замав. Во последните неколку денови не само што се открија туку и се прошири списокот на познати спортисти на кои им е дијагностициран коронавирус.

Ако Милан - Ливерпул од Истанбул е епика, што е ова од Германија

Имало мал милион луди фудбалски завршници, ама ова што го направија Ерцгебирге Ауе и Нирнберг во германската втора Бундеслига навивачите на овие два клуба ќе го памтат вечно. Само ќе ви најавиме кратко. Полувремето заврши 0:0.

После 54 години и 261 ден, Хамбург го трга култниот часовник од стадионот

Секоја убава традиција има свој почеток и крај, па така и онаа со култниот саат наместен на стадионот на славниот германски клуб кој имаше посебно значање за еден од клубовите основачи на Бундеслигата.

Лудо славје во Берлин, Унион влезе во Бундеслига првпат во историјата

Унион Берлин важи за еден од најсимпатичните клубови во Германија чии навивачи на времето собираа самоиницијативно пари за реконструкција на стадионот кој синоќа ја доживеа најголемата радост во клупската историја.

Што клуб бумеранг ќе беше овој Падерборн

Од Бундеслига испаднаа до трета лига, па за 5 години се вратија назад. Со таква леснотија испаѓаат и се враќаат нагоре, што човек ќе помисли дека им здосадува играње во една лига повеќе од една сезона.

Дрезденци во Хамбург пееа за Источна Германија

Динамо Дрезден ги има едни од најверните и најбројните навивачи во Германија. Познати се како едни од најгласните и најжестоките. За време на едно скорешно гостување на мечот против Хамбургер (северна Германија, не ривалската западна), Дрезденци грмеа „Источна Германија“ (Ostdeutschland) на која се посебно горди.

Брилијантен гол од привидна контра

Во втората германска бундеслига, во неделата играа Магдебург - Кил (1:1). Гостите поведоа уште во 5’ минута по една сјајна акција која само личи на контра ама не е контра.

Германскиот репрезентативец кој игра во втора лига

Иако игра во втората Бундеслига, без никаков проблем веќе неколку години, Јонас Хектор капитенот на Келн е прв избор за левата бековска позиција во репрезентацијата на Германија.

За најголемото градско дерби во Германија

Се судрија после цели 7 ипол години. Пред две недели во еден од најубавите европски градови се играше комшиското дерби меѓу Хамбург и Санкт Паули на кое толку се чекаше. COPA90 носи преубава репортажа од градот со едно од најголемите пристаништа во Европа.

По 24 август 1963-та, Хамбург испаѓа од Бундеслига

Нема веќе чуда, судбината му сврте грб на Хамбург - дојде крајот на една ера обележана со часовникот на „Фолкспарштадион“ - дигитален тајмер инсталиран во 2001 којшто до денес означуваше 55 години непрестано учество во Бундеслигата.

Знаете ли за играчот кој одиграл само 38 секунди во Бундеслига

Веројатно никогаш претходно не сте слушнале за овој фудбалер. Јозеф Лауман - син на Германец и Мароканка, роден во земјата на мајка му и преселен во германскиот Хаген на 10 години. Ја грееше клупата во најдобриот Шалке.

Стартува да суди единствената жена судија во топ лигите

Германката Бибиана Штајнхаус ќе стане првиот женски судија во Европските топ лиги а во тоа многу ѝ помогна искуството што го имаше на мечот на Баерн Минхен пред неколку дена. Судела преку 80 меча во втората лига.

Првата жена главен судија во Бундеслига

Германската фудбалска федерација реши од следната сезона да ја промовира судијката Бибиана Штејнхаус од втората лига во Бундеслига.

Најмотивирачки говор во сезоната за чудесна победа

Минатиот викенд меѓу себе играа екипа која најсериозно конкурира да влезе во елитната Бундеслига и екипа на која ѝ гори под нозе и е пред испаѓање. На крајот давителот Арминија Билефелд со 6:0 го прегази фаворитот Брауншвајг за најголемо изненадување на сезоната во Германија. А целата работа е по заслуга на тренерот Џеф Саибене.