Кои се најпознатите спортисти позитивни на коронавирусот досега?

Новиот Ковид-19 и натаму зема замав. Во последните неколку денови не само што се открија туку и се прошири списокот на познати спортисти на кои им е дијагностициран коронавирус.

Речиси неизбежно беше луѓето од спортот да бидат имуни на пандемијата со корнавирусот која зафати повеќе од 160 земји. Досега потврдени се 135.169 случаи на коронавирус ширум светот. 4.990 лица починати, а опоравени се 70.427.

До овој момент инфицирани од новиот вирус во светот на спортот, официјално се:

НБА

РУДИ ГОБЕР И МИЧЕЛ

Центарот на Јута, Французинот кој неколку години важи за најдобар одбранбен играч во НБА лигата, неколку денови се исмевал со коронавирусот. Се шегачеше со новинарите и ги тргаше сите микрофони на прес-конференција а ги испофаќа и сите предмети на масата.

Во средата тој бил позитивен на коронавирус на неколку минути пред мечот Оклахома Сити - Јута Џез, па набрзо мечот беше одложен, гледачите замолени да си одат, а екипите останаа во карантин во своите соблекувални каде ги тестирале.

Реномираниот НБА инсајдер Војнаровски напиша дека од свои извори дознал дека неколку кошаркари на Јута му биле гневни на Руди Гобер кој пар дена претходно неодговорно се исмевал со вирусот и во зафрканција ги допирал нивните лични работи и недоговорно се однесувал во соблекувална.

Здравствените власти и НБА веднаш решија да ја прекинат лигата на неопределено време, а на сите играчи од повеќе од 5 тимови против кои последно играл Гобер, им било наложено да се самоизолираат во домашен карантин.

Неколку часа подоцна беше соопштено дека заразен од коронавирус е и лидерот и најдобар играч на Јута, Донован Мичел.

Кошаркарите и стручниот штаб на Репторс, Кавалирс, Никс, Селтикс и Пистонс се во самоизолација, додека Гобер и Донован Мичел се во иста самоизолација но во предградие на Оклахома каде требаше да го играат мечот кој се одложи.

Сега се појавија, сосема очекувано и видеа на играчи со кои Руди Гобер бил во близок контакт, иако нормално е додека бил на паркетот да имал контакт со сите кошаркари одблизу:

Иако неблагодарни се таквите предвидувања, од САД пристигнуваат информации дека наскоро би можело скоро извесно да има нов позитивен случај на коронавирус од светот на НБА.

ДРУГИ СЛУЧАИ

Во Шпанија се крена голема тревога откако Реал Мадрид соопшти дека нивен играч е заразен од коронавирус. Клубот ја управуваше неколку часа кризата, а подоцна по социјалните мрежи се обелодени дека стнаува збор за Американецот Треј Томпкинс кој веќе долго време игра кошарка за Реал Мадрид.

Поради ова целата спортска секција, и фудбалскиот и кошаркарскиот клуб на Реал Мадрид се во 2-неделен карантин. Сите тренираат во ист центар во Валдебебас па нормален е стравот.

Ла Лига поради ова ја поништи одлуката следните 2 кола да се играат без публика и во целост го суспендираше првенството на неопределно време.

СЕРИЈА А

РУГАРНИ И ГАБЈАДИНИ

За жал, првиот случај во светот на фудбалот се случи во Италија: заразен е стоперот на Јувентус Даниеле Ругани. На 8 март тој беше на клупата за резерви на мечот Јувентус - Интер, се сликал со соиграчите после победата во соблекувалната, тренирал неколку пати со нив, а сега откако се испостави дека е позитивен, останал во самоизолација.

Ругани на Твитер објави дека се чувствува добро.

Кристијано Роналдо после мечот со Интер отпатувал во Португалија за да биде со мајка му која неодамна имаше сериозни здравствени проблеми. Португалецот рекол дека ќе остане во својот роден крај Мадеира додека не се стиши епидемијата со вирусот.

Втор заболен во Серија А е шпицот на Сампдорија Маноло Габјадини. Тој имал висока температура и отишол да се теситра по што бил позитивен.

Италијанското првенство е одложено на неопределено време.

ПРЕМИЕР ЛИГА

ТРИ ИГРАЧИ НА ЛЕСТЕР, ХАДСОН-ОДОИ И МИКЕЛ АРТЕТА

Англиската фудбалска Премиер лига долго време оддолеваше на притисокот да го суспендира првенството, но тие последни се решија на таков потег, откако синоќа беше објавено дека тројца играчи на Лестер како и еден на Челси се позитивни на коронавирус, а подоцна Арсенал соопшти дека и нивниот тренер Микел Артета е позитивен.

Арсенал соопшти дека го затвора тренинг центарот, а сите соработници кои контактирале со Артета веќе се изолирани по инструкции на британските здравствени власти. Арсенал објави дека станува збор за голем број на вработени во базата, сите играчи од првиот тим, колегите на Шпанецот од стручниот штаб и некои други лица кои веројатно биле во близина на Артета.

Во моментите кога Премиер лигата уште официјално не го суспендираше првенството, Арсенал соопшти:

„Очигледно е дека нема да можеме да играме некои од следните натпревари. Што поскоро ќе се ориентираме кон начите навивачи кои веќе купија карти за следните натпревари. Ќе контактираме и со секој кој потенцијално контактирал со Микел. Ќе им препорачаме на тие луѓе самоизолација“.

А самиот Артета за клупскиот сајт рекол:

„Секако, многу сум разочаран. Но го направив тестот веднаш кога се почуствував лошо. Ќе се вратам на работа кога ќе можам“.

Тренерот на Лестер Брендан Роџерс изјавил:

„Некои наши играчи имаа симптоми и предзнаци на коронавирус. Ги презедовме сите неопходни процедури и мерки на предострожност и ги изолиравме од останатиот тим“.

Прв случај во англискиот фудбал кој беше позитивен на коронавирус беше сопственикот на Нотингем Форест и грчки Олимпијакос, Евангелос Маринакис.

Веќе неколку дена изолиран е и Бенжамен Менди во чие семејство имало членови со симптоми на коронавирус. Тој подолго време не контактира во живо со екипата.

Хадсон-Одои, еден од подобрите играчи на Челси исто е позитивен. Тој е во самоизолација и од таму прати видео порака дека добар.

ВТОРА БУНДЕСЛИГА

ДВАЈЦА ИГРАЧИ НА ХАНОВЕР

Коронавирус закачил и бекот на Хановер кој настапува во втората Бунгеслига, Тимо Хуберс. Клубот соопшти дека 23-годишниот играч не контактирал со соиграчите и тренерите од моментот кога бил позитивен на тестот, па во карантин го пратиле само него.

Но веќе следниот ден, на 12 март се заразил уште еден бек на Хановер, Јанес Хорн. Тој е пратен во 2-неделна самоизолација.

ХОЛАНДИЈА

Сите натпревари од холандската фудбалска Ередивизија се суспендирани. Веќе една недела во карантин се помошникот тренер на Ајакс, Данецот Кристијан Поулсен и уште двајца вработени во клубот.

Минатиот петок тие биле на роденден после кој на еден од гостите му нашле коронавирус.

Пред неколку дена официјално се објави дека позитивен на тестот бил и поранешниот репрезентативец на Данска, Томас Каленберг. Тој го префатил вирусот во Амстердам, а потоа кога уште не знаел, бил на меч на својот поранешен клуб Брондби. Сега 13 играчи и тренери од Брондби се во карантин.

Каленберг повеќе од 6 месеци не бил активен на социјалните мрежи, а деновиве објавил:

„Жал ми е што јас го почнав ова. Луѓето се во карантин и изолирани. Им праќам многу добри мисли. Се надевам дека никој нема да биде заразен. Досега никој од моите роднини немаше симптоми на заболување. Не знам кога последен пат имав грип. Симптомите се појавија во понеделникот вечерта, а утрото во вторник зборував со мојот лекар. Во средата вечер ми кажаа дека ќе имам тест за коронавирус и за жал бев позитивен. Од тогаш сум во изолација. Благодарни сме на поддршката“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Jeg er så ked af alt det, jeg har “sat i gang”. Folk der er sat karantæne osv. Jeg sender dem alle mange tanker, og håber ingen vil blive sygdomsramt. Indtil videre har ingen af mine nærmeste fået sygdomssymptomer. Jeg kan ikke huske, hvornår jeg sidst har haft influenza, men jeg mindes, at det er stort set samme følelse. Symptomerne kom mandag aften, og tirsdag morgen tog jeg kontakt til lægen. Onsdag sen eftermiddag fik vi besked om, at Corona-testen desværre var positiv. Siden har jeg opholdt mig isoleret og myndighederne tog over for at kontakte alle, som de vurderede var i risiko for smitte. Min familie og jeg er mødt med så meget venlighed og så mange søde hilsener. Det er vi meget taknemlig for. Tak! Så hermed en hilsen herfra isolationen, med et ønske om et godt helbred til jer alle! Kærlig hilsen Thomas Kahlenberg

A post shared by Thomas Z. Kahlenberg (@tkahlenberg) on