Руди Гобер заразен испофаќа микрофони на новинари, НБА суспендирана

Сезоната 2019/2020 во најдобрата кошаркарска лига на светот и официјално е прекината на неопределено време. Кошаркарот на Јута и француската репрезентација Руди Гобер е позитивен нa вирусот.

Синоќа мечот Оклахома - Јута Џез доцнеше со својот почеток, организаторите не знаеа дали воопшто овој меч да почне а во последен момент го одложија.

Гледачите беа крајно незадоволни и свиреа во протест.

Официјално беше соопштено дека центарот на Јута Џез Руди Гобер бил позитивен на тестирањето за корона вирус, а пред некој ден Французинот со цел да направи зафрканција ги испофаќа сите микрофони на прес-конференција во НБА и се смееше со коронавирусот.

Неговиот тест синоќа покажал дека тој е заразен со коронавирус.

Уште е непознато како и од каде Гобер го префатил вирусот. Се зборува дека разговарал и бил во близок контакт со луѓе кои неодамна дошле од Франција во САД.

Гобер синоќа се чувствувал добро и бил спремен да истрча на паркетот. Според најпознатиот НБА инсајдер Едриан Војнаровски, НБА лигата наложила сите играчи од тимовите кои играле против Јута Џез во последните 10 дена да бидат во самоизолација. Тоа важи за кошаркарите на Кливленд Кавалирс, Њујорк Никс, Бостон Селтикс, Детроит Пистонс, Торонто Репторс и Оклахома Сити Тандер.

Во меѓувреме претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека се прекинуваат сите летови од Европа кон САД и обратно, како една од мерките за заштита од ширење на новиот Ковид-19.

ОДЛОЖЕН И МЕЧОТ МЕЃУ САКРАМЕНТО И ЊУ ОРЛЕАНС

На 9 минути пред стартот, играчите на Пеликанс останаа во соблекувална и не излегуваа. Во тоа време Кингси се истегнуваа во салата.

На 5 минути пред почетокот, натпреварот и официјално беше одложен.

„Нашите дечки не сакаат да играат“, рекле од Њу Орлеанс Пеликанс.

НАЈСОВЕСНИОТ КОЈ НА КРАЈ СПАСИЛ ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ

Интересно, мечот Оклахома - Јута бил одложен на барање на потпретседателот на Тандер, Дони Стек. Тој израснал во Индијанаполис каде што како мал почнал да собира топки од страна како болбој и во 90’ години се здружил со многу ѕвезди. Кај него на школски натпревари доаѓал Реџи Милер, а Шекил О’Нил се натпреварувал со него во слободни фрлања.

Стек сега е потпретседател на Оклахома Тандер. Според ESPN, тој истрчал на терен кај судиите и побарал сите да останат во арената откако било објавено дека Руди Гобер е инфициран.

Стек се исплашил дека многу луѓе би можеле да бидат заразени во затворената сала.

12 март 2020 - 09:16