Четврток, 14ти Март 2013
Никозија, Кипар
На работа со колегата разговараме и нафрлуваме последни идеи за тоа како треба да изгледа презентацијата. Последен преглед на Power Point слајдовите, се е ОК, поздрав и се гледаме вечер.
Тема: 'The Impact of Fiscal Multipliers in the Greek MOU. What are the lessons for Cyprus.'
Или на нашки кажано, што направи Европа во Грција и што ке се случи во Кипар.
Спикер: Јанис Музакис - ветеран економист од Ројтерс.
За мене важен ден бидејки заедно со инститтутот на финансиски аналитичари (CFA Institute), каде што сум член веке 3 години го организираме настанот. Им ветив на сите дека ке биде доста интересно со оглед на тоа дека наредниот ден Кипар треба да склучи договор за помош со Европа.
И бидна како бидна, јас возбуден пристигнав триесетина минути порано. Се изгледа супер, како што треба. Изненадени сме од интересот, сите големи банки и финансиски институции се присутни, директорите гледам пафкат по некој пура надвор, Јанис го гледам внатре листа низ тоа забелешките...интересно ке биди си велам.
И така и беше, вечерта помина во презентирање, анализирање и муабети како то Европа ја утна машки со Грција и ништо од што рекоја не излезе така. Буквално сите проекции на економистите од тројката (Европска Комисија, ММФ, Централната Банка на ЕУ) беа утнати за 2-3 пати. А 2-3 пати да утниш проекција не е баш малку.
Математиката на Тројката за Грција велеше дека ако го намалиш дефицитот на една држава за 1 евро економијата ке падни за 50 центи. На крајот испадна дека за секое намалување на дефицитот од 1 евро, економијата паѓа за 90 центи – 1,7 евро.
Во Мај 2010 тројката излезе со проекција дека економијата на Грција во 2011 ке се намали за 2,6% после се премислија и рекоја ке се намали за 3% по три месеци пак се премислија и ревидираја на -3,5%, па на -5% за на крајот да испадни 7,1% намалување.
За 2012 истата приказна, 3 пати утнаја. Резултат, Грција пувка ја напраја.
Арно ама Јанис ни даде малку оптимизам кога ни кажа дека тројката вероватно нема на ист начин да постапи со Кипар, ѓомти научија од грешките. И во право беше Јанко дека на друг начин ке ја терат со Кипар ама ни во најлудите сценарија не ми паѓаше на памет за тоа што се кроеше во Брисел во тие моменти додека ние си ѕупевме од мезето.
Петок.
Новоизбраниот претседник Анастасијадис тргна за Брисел да договори помош за Кипар, јас на по една пијачка и околу 1 после полноќ, правец дома.
Сабота, истата рутина веке 3 месеци. 8 сатот наутро, кафе и книгата ја фаќам. А колку не ми се учи само јас си знам.
Вести, една работа што секој ден 10-15 минути со кафето ја правам тој ден не знам зошто ама не го отворив весникот. Ама немаше ни потреба. Во рок од 15 минути, телефонот ѕвони, на девојката моја мајка и на телефон. Пишти корни од 5 метра се слуша, но како да наслушнав кај што вели "...банките..." и тогаш ме удри како гром. Што ѓавол напраја предходната вечер.
Паметњаковците од Брисел одлучија сите кипарски банките да нурнат во депозитите да си ги покријат загубите.
"Нема шанси", си велам. Е ова ке биди големо.
Баш кога мислев дека Европа не може по дезориентирано да изигра од последниот период, тие го зедоа пиштолот и в'нога дирек. Бам!
Првите слики што ми излегоја пред очи беа оние црнобели малку убрзани снимки од луге пред банки во екот на големата депрасија во Америка. Помислив и на Аргентина во 2001. Дали е можно си реков.
Брзо му се јавувам на Јани.
Што направија бе Јанко? Бане, ми вели, кутијата на пандора ја отворија. Разговаравме, но како да неверувавме дека ова стварно се случува. Се осекаше загриженост во неговиот глас.
Ова ке значи навала од народот на банките за да си ги земат парите а државата ке воведе контрола над тоа. Тоа никогаш не е добра работа, за никого. Повеќе ништо нема да биди како што беше, ми рече.
Во меѓувреме стигат вести како луѓето се редат пред банките. Јани ми вели одам до банка да видам што се случува. Не издржав ни јас, ги грабнав клучевите од колата и право до најблиската банка. Паркирав наспроти и гледав.
Луѓето избезумени на знаат што им се случува, земаат кој колку може од АТМ.
Нема потреба, си велам во умот. "Данокот" на тие пари е искалкулиран на балансот од сметката од предходниот ден. Но тие не го знаат тоа. Подобро. Тоа може паниката да ја замени со гнев. Или можеби и за тоа е касно. На вестите гледам како еден човек, бесен, го зел багерот и ке турка една банка.
Но истите тие луѓе не знаат многу други работи. Не знаат дека 7% данок на депозитите е најмалата работа што ќе треба да ја преживеат. Не знаат дека Кипар нема никогаш повеке да биде како што тие го знаат.
Оние црно бели слики од големата депресија, сега се во боја, и тоа во 2013, и се случува околу мене.
Стигаат вести за тоа како се одвивале преговорите. За тоа како, кога претседателот на Кипар рекол дека ова не е прифатливо, дека Кипар ке се уништи и дека мора да се консултира со парламентот, Joerg Asmussen од Централаната Банка на Европа одговори отворено пред сите дека ке го прекини протокот на пари до двете најголеми банки. Проток на пари кој е неопходен за ликвидноста на банките. Потег со кој во неколку саати ке ги банкротира.
Дури да се вратиш во Никозија двете најголеми банки ке бидат банкротирани, имаме веке луѓе таму – наводно му рекол на претседателот, пренесуваат сите телевизии. Зборот уцена е веке на сите канали.
Кипарската централна банка (Централната Банка на Европа е воедно и централна банка на Кипар) се заканува да го затвори државниот банкарскиот систем, да ја банкротира државата и да ја извади надвор од еврозоната. Ова е насилничко изнудување кон покорност
Шок во државата. Претседателот го прифати договорот и брзо се врати назад бидејќи овај закон треба да помини низ парламентот за во Вторник, (Понеделникот беше празник) банките да отворат најнормално!
Хмм..Или овие луѓе немаат веза со реалноста или скрос полудеја.
Држава која е дел од унија на слободно движење на капитал, која има привлечено многу милијарди од други држави и која само пред неколку саати баш тој економски модел е тотално уништен, очекуваат за само 3 дена да си ги отворат банките и никому ништо.
Како што се приквечеруваше се појасно беше како ќе помини предлогот.
Политичките партии од опозицијата категорично го отфрлија и осудија предлогот како неуставен и анти-државен. Тоа беше и очекувано. Тоа што ме загрижи беше како изреагира многу пратеници од коалициониот партнер во владата. Многу од нив исто така го отфрлија предлогот.
Гласањето 2 пати го одложија за на крај парламентот да го отфрли предлогот на радост на илијадници демонстранти надвор. Си реков да знаете што вероватно ќе следува, рацете ке му ги скините на тие што гласаа НЕ.
Првите реакции очекувано стигнаја од Европа, од министерот за финансии на Германија.
"Не си играјте со оган" рече.
Банките останаја затворени. Технократи од Европа пристигнаја наводно да преговараат. Сите знаевме дека не е така. Пристигнаја да му сооштат други услови и како да се спремаат за нив. Пристигнаја, разговараа со политичките партии зад затворени врати.
Другиот ден парламентот му дава на претседателот моќ да преговара и прифака услови без да треба после да се гласа за нив....
Кипар се очекува да има длабока рецесија во наредните години од казнените мерки на Европа.
Подебелиот крај нормално ќе јади народот.
Но, за разлика од Грција, Кипар не беше презадолжена држава. Државниот долг е ист како германскиот а буџетот веке има примарен суфицит (државата има повеке примања од трошоци без камата).
Народот исто така не беше задолжен како во Грција или Италија.
Проблемот беше во банкарскиот сектор кој е 8 пати поголем од целокупната кипарска економија, додека европскиот просек е 3.5. Најголем удел во тоа имаа руските фирми. Тоа страшно и пречеше на Германија.
Но во дворот на Европа има земји како Луксембург (банкарски сектор 23 пати поголем од домашната економија) или Малта (банкарски сектор 8 пати поголем) кои имаат многу сличен економски модел со Кипар а исто се оази за перење пари, многу поголеми од Кипар. Но тие се контролирани од големите сили на Европа. Кипар за да докаже дека не се перат пари во нивните банки, побара од Европа да направи ревизија. Испадна дека Кипар има подобри закони за спречување на пари од европскиот просек.
Сепак, да бидеме реални. Кипар имаше еден систем кој не е баш идеален. Банкарскиот сектор е (беше) преголем. Каматите се 2-3 пати поголеми од германските. Како држава со нешто повеке од 800,000 жители од кои 20% се странци, економијата на Кипар е сериозно зависна од овој сектор. Овај систем од кој половина нација директно зависи а остатокот индиректно, сега веке го нема. Го снема во една вечер.
Случајно или не, Кипар скоро откри огромни количини на природен гас во морето блиску, но е многу далеку од испумпување и носење на тој гас на копно.
По неколку дена претседателот се врати во Брисел наводно да преговара. Му дадоа документ пред него, а тој само го потпиша.
Се другото е историја.
@banebt