Најголемите италијански банки во соработка со дилери на дијаманти, на сопствените коминтенти се труделе да им увалат дијаманти продавајќи ги по значително надуена цена, со совет дека тие се здрава финансиска инвестиција.
Филијалата на Данске банк во Естонија е клучниот играч во скандал во кој во период од една година се испрани околу 30 милијарди долари од Русија и поранешниот СССР.
Според моделите на луѓето што управуваат со глобалните пари, фудбалски шампион на светот требаше да биде Бразил или Германија. А не биднаа ни едните, ни другите.
Додека главната мантра на политичарите е „зелено, еко, чисто, природно, обновливи извори,“ банките, истите оние пред неколку години спасени од политичарите, почнаа на фосилни извори на енергија да вложуваат повеќе капитал од вообичаеното.
Европа излегува од финансиската криза но првиот човек на европското банкарство не е сигурен колку долго ќе трае стабилноста. Сомнително му е тоа што премногу банки ја преживеаа кризата.
Иако на прва може да помислите дека алчноста е главниот порив на банкарите, тоа е затоа што не разбирате дека: тие имаат длабока психолошка потреба за пари.
Проблемот беше во банкарскиот сектор кој е 8 пати поголем од целокупната кипарска економија, додека европскиот просек е 3.5. Најголем удел во тоа имаа руските фирми. Тоа страшно ѝ пречеше на Германија.
Шпанските банки се пред колапс заради тоа што имаат 8,7 проценки лошо пласирани кредити на кои не можат да сметаат. Словенечките таа граница одамна ја имаат поминато и живеат со товар од 12 проценти лоши пласмани. Особено е трусна НЛБ од која зависи една третина од словенечката економија.
Откако цела недела политичарите не успеаа да се договорат за да направат Влада, Грците решија дека можеби во меѓувреме е паметно да ги земат парите во свои раце.
Колку светскиот банкарски систем е фактап сведочи новиот контроверзен систем за итно кредитирање на мали бизниси во Британија. Ни хартии, ни жиранти, ни процедури. Парите ги добивате за 15 минути. Каде е трикот? Годишна камата - 4.200 проценти.