Само во понеделникот од шалтерите и банкоматите на банките низ Грција биле повлечени вкупно 898 милиони долари.
Иако, сега за сега овие повлекувања на депозити не влијаат премногу сериозно на банкарскиот систем, стравот е дека уште неколку вакви понеделници би можеле сериозно да ги заглават и онака лабавите грчки банки.
Доколку дојде до ова, владата веројатно ќе треба да интервенира и да ги замрзне сите штедни влогови во земјата.
Освен проблемите на политичарите, Грците се плашат и од најавите за многу веројатното излегување на Грција од еврозоната.