Истрагата е спроведена од данската централа на банката, и се уште не е познато кој од данското раководство бил запознаен за обемот на странски пари кои минуваат низ малата естонска филијала.
Скандалот траел од 2007 до 2015 година, а пикот бил 2013 кога на нерезиденцијални сметки во банката имало 30 милијарди долари. Она што посебно боде очи е сумата на пари што минала низ така мала банка, а притоа никој ништо да не алармира. Иако сами по себе нема сите трансакции да бидат сомнителни, до банката е да се увери за сопствени потреби и за финансиските власти, дека не е злоупотребена за перење пари.
Првичната сума на сомнителни трансакции во 9-годишниот период е 3,9 милијарди долари. По ова во данската јавност во јули се појави информација дека сумата пораснала на 8,3 милијарди долари, за на крај Данске банк да призне дека станува збор за „нешто поголема“ од првичната сума.
Истрага на естонските власти во 2014 открива „масовно и долготрајно системско прекршување на правилата против перење пари“. Една година пред да почне истрагата количеството пари на нерезиденцијални сметки забрзано почнува да се намалува.
Крајниот извештај од внатрешната истрага Данске банк се очекува да го објави во кон крајот на месецот.