Како никогаш до сега ЕУ се согласи земјите членки да добијат значителен надомест од фондовите на Унијата за целото оружје што ќе и го испорачаат на Украина. Идилата на европското заедништво траеше се додека Естонија не се сети да биде малку сметководствено креативна со сметките што и ги пушта на Унијата.
Рускиот претседател е уверен дека во војната во Украина времето е на негова страна и за сега во ниту еден момент не ни помислува за запирање на инвазијата, тврди естонското разузнавање.
Откако воведе санкции, ЕУ замрзна 300 милијарди евра руски државни резерви, и милијарди од сметките на други руски богаташи. Од тогаш ЕУ нема конечен став што ќе прави со парите и додека се труди да ги пофаќа сите краеви за сите членки да бидат задоволни и да гласаат за каков било план за трошење на руските пари, Естонија веќе се подготвува сама да почне со запленување руски пари.
Во Нарва, на естонската страна од границата со Русија, пред некој ден беше откорнат и тргнат советскиот тенк Т-34 кој со децении седеше таму како споменик на советските војници што загинале во Втората светска војна. Кратко по тоа, локалците на сопствен начин решија да го продолжат сеќавањето.
Естонија успешно крена и затвори 25 километри од својата граница кон Русија. Полска пак по минатогодишните драми што им ги направи Белорусија со увозот на муслимани бегалци, еден ден не е застаната со градење на ограда по цела должина на белоруската граница. Последно им е дека затворија 140 километри од границата.
Не, ниту еден дел од насловот не е погрешен. Да, Естонија извезува преработена нафта во Саудиска Арабија. Не, Естонија нема ниту една единствена рафинерија која би ја преработила нафтата.
Паралелно со натпреварите од Лига на нации, синоќа се одиграа и неколку пријателски. Лео Меси билдаше лична статистика и испишуваше историја против аутсајдерот Естонија.
Минатиот викенд лидерот во фудбалската лига на Естонија, Левадија играл на гости кај Паиде. Со два гола на Грузиецот Закари Бегларашвили Левадија водела 0-2 а на крајот од првиот дел гостите дури и добиле пенал кој тргнал да го изведува шпицот Хенри Аниер.
Целосно ја разбираме реакцијата на коментаторов. Исто и Зоран Михајлов беше позитивно шокиран во Саутемптон, а сите ние на тој епски корнер на Шаќири. Овој некако уште почуден лоб.
Македонската фудбалска репрезентација не ја оправда фаворитската улога против Естонија, 108-ма на рангот на ФИФА и среќа што стигна до реми со оглед на тоа што на 10 минути до крај губеше 3:1. Трајковски промаши пенал.
Доминантниот дел од казните што банките ќе ги платат за најголемиот случај на перење пари во Европа треба да завршат во Естонија, затоа што целиот криминал се случувал во Естонија, е ставот на одговорниот за пари во Естонија.
Аивар Рехе беше директорот на естонската филијала на Данске банк, кој пред некој ден исчезна, за вчера да биде откриен мртов во дворот на својата куќа.
Мислевме дека вакви страшни мангупарии има само на футсал, ама го запознавме Ихор Жураковски од естонскиот второлигаш Левадиа Талин и ни разјасни некои работи. Капа доле дечко, ниту Меси, ниту Роналдо, само Ихор може вака.
Филијалата на Данске банк во Естонија е клучниот играч во скандал во кој во период од една година се испрани околу 30 милијарди долари од Русија и поранешниот СССР.
БиХ не успеа да го освои второто место за да проба преку бараж да се пласира на Светско. Имаа подеми и падови, а на крајот од нивната група Белгија оди директно на Мундијал а Грција во плејофот. Навивачката група „БХфанатикос“ кои во сопствена режија патуваат насекаде каде игра Босна и Херцеговина, на гостувањето во Талин, Естонија покажаа зошто се во војна со фудбалската федерација која сега ја чека драконска казна за ова.
За време на мечот од Купот на Естонија меѓу Левадија и Паиде (3-1), домаќините поведоа со 1-0 ни криви ни должни а таков смешен старт никој не можел да претпостави.
Мет Вокер е 40-годишен статистичар во британското министерство за правда кој земал цела година одмор за да гледа фудбал во земјите за кои слушнал само на час по географија.
На дуелот од женскиот Куп на Федерации меѓу Израел и Естонија, Израелката Јулија Глушко не можеше да престане да се смее поради промашениот зицер смеч на противничката.
Американска тинк тенк организација се занимавала со сценариото што ако Русите тргнат на исток. Во сите разгледани сценарија, НАТО претрпува брз пораз а Русите би пиеле вотка во Рига и Талин за помалку од три дена. Освен....
Не се работи за прекин поради инцидент или проблем со струјата, туку мечот едноставно не можеше да се игра бидејќи тимот кој се појави немаше противник.
Нисколигашки клуб од Естонија ниту се предаде, а ниту реши да пушти да глумат четворица играчи фаул за судијата да го прекине мечот. На натпревар од естонскиот куп тие на полувреме губеа 19:0, а во второ примија уште 12. За сето тоа имаат доказ и спомен.
Кога игравме како деца фудбал во маало, за стативи обично сме користеле камења, лименки или ако во некој парк начекаме дрва на блиско растојание. Естонија ни носи еден сосема поинаков пример.