„Зборуваме за најмалку стотици милиони, ако не и милијарди,“ проценува естонскиот министер за финансии Мартин Хелме.
Се работи за казни околу парите перени преку естонската филијала на Данске банк, низ кој минуваат над 200 милијарди евра црни пари од Русија и поранешниот Советски сојуз, и уште околу 100-на милијарди испрани преку Сведбанк.
Од балтичката земја објаснуваат дека нивната репутација и репутацијата на финансискиот систем на земјата е сериозно оштетена како резултат на скандалот. Што е до Хелме, тој на американските власти им ја стави на располагање цела машинерија на земјата за побрзо разрешување на скандалот.
Хелме на Фејсбук порачала дека „сака да осигури како истрагата за перење пари од страна на нашите банки што ќе биде спроведена од американските власти и најверојатно ќе заврши со многу големи казни, да биде спроведена на начин на кој и естонските власти ќе бидат вклучени во процесот и дека најголемиот дел од казните за банките на крај ќе завршат во естонскиот буџет.“ Истото барање го имаше и претходникот на Хелме.