Тинејџери на Инстаграм и Снапчат без проблем оставаат свои лични и банкарски податоци во пораки на непознати луѓе во замена за процент од парите што ќе минат преку нивни банкарски сметки.
Доминантниот дел од казните што банките ќе ги платат за најголемиот случај на перење пари во Европа треба да завршат во Естонија, затоа што целиот криминал се случувал во Естонија, е ставот на одговорниот за пари во Естонија.
Прво и основно за планот е дека треба да ги имаш парите, системот не работи на правење нешто од ништо. А ако веќе ги имаш, Британија логистички, правно и чисто заради личен мерак, веројатно е најдобрата опција за перење на твоите пари.
На пример си криминалец кој успеал да собере десетици милиони евра по кој знае каква нечовечка основа, и со време парите почнуваат да ти прават проблем затоа што ти седат на купче до тебе и по цел ден ги мислиш да не им се случи нешто, ем не можеш ништо да си купиш за да те личи на парите што ги имаш.
Системот опфаќа околу 70 оф-шор шел компании кои беа искористени за да се извезат милијарди долари приватен имот од Русија на Западот. Името го добива од руската инвестициска банка Троика диалог, чии вработени ја менаџираа целата мрежа.
Филијалата на Данске банк во Естонија е клучниот играч во скандал во кој во период од една година се испрани околу 30 милијарди долари од Русија и поранешниот СССР.
Британските власти одбиле да им помогнат на Французите во истрагата за перење пари и даночна измама од страна на британскиот телеком гигант Лајкамобајл. Причина - Лајкамобајл е „најголемиот корпоративен донатор на Конзервативната партија“ и дава пари во труст основан од Принцот Чарлс.
Во 2016 две-третини од профитите што американските мултинационални компании ги имаат направено вон САД се наоѓаат во 6 држави, за кои е карактеристично што имаат ниски или непостоечки даночни стапки. По многу зборување околу ова и протекување на документи за оф-шор компании, последниот обид за прибирање на овие даноци во САД е да им се даде повластена даночна стапка.
Парадоксот на биткоинот е што во исто време е и јавен и анонимен. Во пракса ова значи дека секој може да ги следи сите можни трансакции од каде одат и каде стигнуваат, ама невозможно е да дознаеш чии се парите ако човекот знае како да ги скрие. Нешто како шибицарење.
Еден од најпознатите ресторани во мексиканскиот туристички ресорт Пуерто Валарта, Мизу суши лаунџ, завршува на списокот од 5 компании со кои американското министерство за финансии им забранува на американските компании да работат. Она по што овој ресторан е различен од останатите перални е што тој е стварно успешен и стварно прави пари.
Секој викенд од есента 2011 до 2015, рускиот брокер Игор Волков се јавува во одделот за капитал во седиштето на Дојче Банк во Москва. Врши две симултани трансакции.
Рецептите не се од Владата, туку од мексиканските картели и во основа се делат на два начина: перење пари преку финансиски институции, и без нив, со трговија и инвестиции.
Според новото истражување на кладењето во спортот, криминални групи перат 100 милиони евра годишно со нелегално кладење, корупција и местење натпревари.
Не многу туку безобразно многу руски пари има во британската престолнина. Толкава количина не може да биде игнорирана кога се формулира политиката кон Путин.
Од 2010-та до 2012-та од Русија од страна на една од најголемите групи за перење пари нелегално се изнесени околу 20 милијарди долари. Клучни во овој грабеж се т.нр. компании "еднодневки."
Банката Ваховија има испрано 378 милијарди долари на мексиканските нарко-картели, HSBC "не успеа да мониторира" 38 илјади милијарди фунти на нарко-картелите кои минаа низ банката а уште дузина банки потпишаа спогодба со американскиот Департман за правда за најразлични прекршувања на законите за перење пари.