Главниот аналитичар на Асоцијацијата на сертификувани специјалисти против перење пари, Киран Бир, објаснува дека како и секој бизнис што работи со многу готовина (перални, такси) така и рестораните се класичен начин за перење пари.
Најлесен начин е да се купи ресторан кој веќе функционира и кој има вработени. Притоа важно е вработените да немаат поим за нелегалните активности што се случуваат. Иако за основен старт доволно е ресторанот само да има отворена сметка во банка, и не мора да прави многу пари, далеку е подобро ако станува збор за популарен ресторан кој постојано има голем прилив на пари од гости (и одлив за добавувачи).
"Гледаш да не поставиш лажна компанија. Ако планирам да перам пари, јас би сакала бизнис во кој, ако ФБИ и даночно застанат, ќе има голем број муштерии кои влегуваат и излегуваат. На овој начин приходите се оправдани од клиентелата," објаснува професорката Кеј Мајерс од Универзитетот во Јужна Флорида, која специјализира на форензичарско сметководство и перење пари.
Мајерс појаснува дека главниот успех во перењето пари се сведува на тоа дали ќе успееш валканите пари да ги внесеш во банка. Примерот за тоа е:
"Да кажеме дека сум мексикански нарко-картел. Имам многу пари од продавање кокаин и сакам парите од оваа нелегална активност да ги земам и да ги претворам во чисти пари. Па, одам и купувам ресторан. Секој ден, ги собирам сметките и фактурите од ресторанот и ги носам во банка кога оставам дневен промет. Меѓутоа заедно со нив земам и дел од парите од трговијата со дрога и ги мешам со приходите од ресторанот. Потоа ги депонирам. Затоа што ова го правам постојано, се додека готовината остане во рамките од 10% од истата сума, банката нема да биде ни приближно сомничава. Бидејќи ти очекуваш дека ресторанот ќе работи со готовина, а парите изгледаат како да се од продажба на храна и алкохол."
Од кога парите ќе бидат депонирани тие се префрлаат во некој даночен рај, или се користат за купување и продажба на недвижнини, автомобили и слично, и со тоа парите стануваат легален профит.
Клучната предност на рестораните е што постојано работат со готовина, и од нив се очекува да дека постојано ќе депонираат пари па тоа никого не возбудува, "бидејќи не можеш пари да переш со кредитни картички, или со чекови," затоа што овие пари можат да се следат.
Искуството на Бир е дека властите главната помош во забележување на перење пари ја имаат од локалните банки или филијали. Според него, банките навистина ги познаваат своите муштерии, и многу лесно можат да препознаат кога нешто неочекувано почнало да се менува во однос на приходите што ги внесуваш или покажуваш.
Освен стандардното, внесува над 10.000 долари дневно, банките на пример го следат твојот приход во споредба со приходот од рестораните во твојата околина. Причина за алармирање е и ако забележат дека одеднаш заработуваш далеку поголем профит, ама парите не ги користиш за развој на бизнисот.
"Ако банка види дека ресторан прави бизнис од милион долари а чековите што ги пишува на добавувачите се далеку пониски, тогаш ова ги алармира. Ако на сите свои добавувачи им плаќаат во готовина, и ова е црвено знаме. Банките не сакаат да бидат обвинети дека го игнорирале перењето пари," објаснува Бир.
Што се однесува до границата од 10.000 долари во готовина, сума над која секоја трансакција мора да биде пријавена, треба да се има предвид дека банките следат и ако забележат дека има редовните трансакции од 8 или 9 илјади долари дневно.