Преку финансиски институции
Во овој случај, дилерот прво треба да ги стави парите во банка.
Потоа следува процес на таложење. Дилерот испраќа пари преку разни трансфери на разни сметки на разни имиња во различни држави, сумите кои се вложуваат и подигнуваат цело време варираат, за да се отежни целото следење на парите.
Последен чекор е овие пари, сега испрани, да влезат во економијата, каде изгледаат како да се од перфектно легална трансакција. На пример, дилерот може со парите на овие сметки да ги купи некоја нереално преценета компанија што ја поседува човекот кој му ги пере парите.
Со користењето финансиски институции се ризикува откривање, посебно затоа што банките според закон се задолжени да ги пријават сите трансакции над 10.000 долари. Проблемот на картелите е што кога месечно имаш милиони за перење, ставање на ситни депозити е доста досадна работа, а и малите суми не ти гарантираат дека даночната служба нема да почне да истражува. Во 2010-та банката ХСБЦ беше фатена како пере околу 881 милион долари од профити од наркотици за Синалоа картелот.
Преку трговија
Кога сакаат да ги избегнат банките, дилерите директно им ги испорачуваат своите пари на човекот што треба да им ги испере. Во овие операции брокерот поврзан со картелот, бара од својот соработник во САД да му се јави на човекот што ги има парите од продажба на дрога. Овој му ги предава парите на соработникот.
Сега соработникот треба да ги размени парите за луксузна стока, како злато и дијаманти, а во одредени случаи и играчки. Потоа тој ги извезува производите во Мексико и ги продава на пазарот за пезоси.
Парите од продажбата се инвестираат во бизнис, и парите се регуларно испрани на мексиканската страна на границата. Ова станува посебно популарно откако мексиканската влада го ограничи користењето долари во земјата.