Најголемиот непријател на слободата

Најголемиот непријател на слободата не е царот, робовладетелот ниту пак гоничот на робови.

Црните робови во Америка биле делени во две групи: оние кои служеле по куќите и оние кои обработувале земја.

Робовите земјоделци живееле во крајно понижувачки и нехумани услови, додека робовите кои биле куќни слуги себе се сметале за „виша“ класа робови, бидејќи имале привилегија да ги јадат остатоците од храна кои останувале зад нивните бели господари, да користат нивна стара облека и да не работат тешки физички работи.

Секогаш кога робовите кои работеле по полиња би пробале да се обединат за да се ослободат од ропството, први би се спротивставиле робовите кои биле куќни слуги, дојавувајќи им на своите бели господари инфрмации за планираните побуни. Робовите земјоделци бивале брутално казнувани и губеле надеж дека некогаш ќе го остварат својот сон за слобода.

Робовитe куќни слуги не ги издавале своите браќа со некоја посебна цел и смисла, туку само затоа што остатоците од храната и старата облека им била поважна од слободата.

Најголемиот непријател на слободата не е царот, робовладетелот ниту пак гоничот на робови.

Најголемиот непријател на слободата е среќниот роб.

виа

26 јануари 2021 - 09:21