Цитирајќи судски документи, поранешниот федерален агент Роберт Мазур во Њујорк Тајмс објави каталог на кривични дела извршени од банките во изминатите неколку години.
Освен тие во воведот, тој ги споменува:
- IGN кои минатиот јуни беа казнети со 619 милиони долари заради менување на досиејата и тивко пренесување на повеќе од 2 милијарди долари "за ентитети кои тргувале со Иран или други нации под санкции."
- За Американ Експрес банката постојат сериозни сомневања дека испрала над 55 милиони долари од нарко-картели преку некои од нејзините офшор компании.
- АБН Амро, Барклис, Кредит Свис, Лојдс, Стандард, Унион Банк Калифорнија и Ваховија, потпишаа спогодба со Департманот за правда, со што избегнаа јавна истрага.
Во 2010-та, во интервју за магазинот Профил, извршниот директор на канцеларијата на ОН за Дрога и криминал, Антонио Марија Коста најдиректно објасни: "Парите од глобалната трговија со дрога и најразличните останати нелегални активности се единствените извори на пари кои ги одржуваат во живот најголемите банки во светот."
Целата работа со перењето пари започнува во САД. Парите од продажбата на дрога, нарко-картелите преку луѓе ги внесуваат во Мексико. Таму парите во кутии се носат на шалтерите во филијали на HSBC. Понекогаш и сред бел ден се оставаат стотици илјади долари на шалтер пред вработениот, а од тука преку банка повторно се префрлаат во САД.
"Во типична трансакција, човек на картелот во САД со овие пари купува стока за широка потрошувачка (како машини за перење, фрижидери, компјутери), потоа истите ги извезува во Колумбија по поволни цени. Таму стоката се препродава за да се генерира 'чист кеш,'" објаснува Ројтерс.
Според канцеларијата на мексиканскиот Јавен Обвинител, шверцерите имаат изработено "детален систем" преку кој парите потоа се враќаат назад во Мексико преку американските банки, за потоа да се префрлат во европски банки, од каде повторно завршуваат во САД и Латинска Америка.