Криминалните организации преку кладилниците перат 100 милијарди евра годишно, соопшти Меѓународниот центар за безбедност во спортот (ICSS).
Според нивната анализа, најчеста мета на криминалните групи се фудбалот и крикетот, а во опасност се и тенисот, кошарката, бадминтонот, па дури и авто-мото трките.
Во извештајот на ICSS се наведува дека дури 80% од спортското кладење во светот се врши нелегално.
„Трансформацијата и брзиот развој на спортското кладење носи голем ризик за инфилтрација на организираниот криминал и перењето пари. Најранливо е кладењето во живо и на тој начин нелегалните активности се многу потешки за откривање", изјави првиот човек на организацијата, Крис Итон кој во минатото беше претседател на секторот за безбедност во ФИФА.