Главната фора на која легално се префрлаат парите е исплата на интелектуални права, дали за лого, формула, технологија или што и да е што компанијата го има заштитено.
Пример, компанијата од САД (Гугл, Најк, фармацевтски компании...) правата на користење на своето лого го префрла на компанија од Кајмански острови. Островската компанија потоа на мајката компанија и наплаќа за користење на логото сума која најчесто е горе-долу иста колку профитот. Парите стигаат на сметка на компанијата која се наоѓа во земја без даноци, а во државата со даноци нема профит кој би можел да биде оданочен.
Најуспешни во ова, по енормната количина пари што ја имаат на страна, е Епл, кој во 2017 на сметки вон САД има „паркирано“ речиси 270 милијарди долари.
****
Претходно:
- Како Најк ги претркува даночниците
- Неподнослива леснотија на избегнување данок за богатите
- Како Епл крие милијарди долари данок со помош на остров од 118 километри квадратни
- ЕУ ќе ја тужи Ирска за тоа што му помага на Епл да крие данок
- Амазон Британија успеа да плати само 7,4 милиони фунти данок на продажба од над 7 милијарди фунти
- Упорниот проблем со офшор сметките
- Како Фејсбук плати данок од 360.000 денари
-