"Ирска мора да надомести до 13 милијарди долари нелегални државни субвенции од Епл. Меѓутоа, повеќе од една година откако Комисијата ја прифати оваа одлука, Ирска се уште ги нема надоместено парите. Секако разбираме дека наплатата на парите во одредени случаи може да биде покомплексна отколку во други, и ние секогаш сме подготвени да помогнеме.
Меѓутоа земјите членки мораат да направат доволен напредок за да ја обноват конкурентноста. Токму затоа денес одлучивме да ја дадеме Ирска на ЕУ судот заради неуспех во имплементирање на нашата одлука," порача комесарката за конкуренција Маргрет Вестагер.
Денеска, секторот на Вестагер објави и дека Амазон ќе мора да плати 250 милиони евра заостанат данок откако беше откриено дека добил нелегална државна помош од Луксембург.