Таг: избегнување данок

Како ултрабогатите остануваат ултрабогати

Целата тајна е да заработуваш пари, а на нив да не платиш данок, и тоа се постигнува со стратегија во три чекори: купи, позајми, умри. И за сето ова да им успее неопходни се благонаклонети банки.

Долина на даночните битанги

На глобалните јавни услуги (од здравство до полиција и пожарна), државните службеници и проекти им се ускратени над 100 милијарди долари во данок што големата шесторка од Силициумската долина го избегнува на секој можен начин.

Епл ќе почне на Ирска да и ги исплаќа 13-те милијарди евра данок што го избегнуваше

Сумата е одредена во пресудата од август 2016, според која повеќе од една деценија Ирска му попуштала на Епл во наплатата на данок.

Сезона на даноци и корпоративно избегнување на истите

Во 2016 две-третини од профитите што американските мултинационални компании ги имаат направено вон САД се наоѓаат во 6 држави, за кои е карактеристично што имаат ниски или непостоечки даночни стапки. По многу зборување околу ова и протекување на документи за оф-шор компании, последниот обид за прибирање на овие даноци во САД е да им се даде повластена даночна стапка.

Зошто даночните служби се плашат од биткоин?

Сржта на технологијата на која се базираат крипто-валутите, блокчејн, е во анонимноста на нивниот сопственик, односно сите трансакции се јавни ама се поврзани само со електронски адреси, а не со име, презиме, матичен или даночен број. И ова е значаен дел од привлечноста на блокчејн технологијата.

Стари хетеросексуалци се венчале заради данок

Старата максима за капитализмот беше дека во тој систем неизбежни се само две работи: да умреш и да платиш данок. Новите општествени ветришта преточени во модерни легислативи донесоа интересен пресврт: може и да не ллатиш данок, само што треба да умреш како геј. 

Неподнослива леснотија на избегнување данок за богатите

Проценките се дека во даночни засолништа се чуваат меѓу 21 илјада и 31 илјада милијарди долари, што е некаде колку обемот на американската и јапонската економија заедно. Доколку се собере данокот што го избегнуваат богатите, тој ќе покрие најголем дел од годишниот дефицит на секоја од земјите на Г7.

Како Најк ги претркува даночниците

Во шемата што ја користи еден од најпознатите брендови во светот, парите од продажбата од нивните продавници низ цел свет стигаат во Европа, па од таму на Карибите, за во последно време да завршат во компании кои никаде не се базирани. „Најк го направи ова со помош на паметни адвокати, комплексни закони и влади што соработуваат.“

Како Епл крие милијарди долари данок со помош на остров од 118 километри квадратни

Откако во 2013 на ЕУ и прекипува од даночното глумење лудило на Ирска и почнува да ја гази својата членка да прекине со тинтрањето на мултинационалните корпорации, Епл се пушта во потрага по нов даночен рај. Го наоѓа во Англискиот канал веднаш карши брегот на Франција, на островот Џерси. Речиси инстантно централата на компанијата и 252 милијарди долари неоданочен приход беа преселени на островот.

ЕУ ќе ја тужи Ирска за тоа што му помага на Епл да крие данок

Заради „неуспех да ги надомести нелегалните даночни олеснувања за Епл“ Европската Комисија објави дека ќе ја даде Ирска на суд. Сумата за која се расправаат е околу 13 милијарди евра.

Како да ги натераш Епл, Гугл и Амазон поштено да плаќаат данок

Проблемот е европски (барем според притисокот врз политичарите и гневот на јавноста), решението е американско и одамна функционира преку Атлантикот.

Амазон Британија успеа да плати само 7,4 милиони фунти данок на продажба од над 7 милијарди фунти

Од Амазон објаснуваат дека сумата не е за чудење и дека помалиот данок е последица помалиот профит. Помала затоа што годинава нивните сметководители успеаа на државата да и испорачаат два пати помалку данок отколку минатата година.

Европската комисија му нареди на Епл да плати 13 милијарди евра неплатен данок

"Селективен третман" од Даблин му овозможил на Епл да плаќа данок во износ од 1% на ЕУ профитот во 2003, за до 2014 истиот данок да се намали до 0,005%. По оваа основа на американската компанија и е наредено ретроактивно да плати 13 милијарди евра данок плус камати.

Трансатлантската битка за парите на Епл

Борбата е кој ќе го оданочи Епл, Американците го бараат данокот по основа дека Епл е американска фирма која благодарејќи на даночните правила на ЕУ избегнува данок во вредност од милијарди долари. Европејците тврдат дека Епл им должи милијарди долари данок затоа што добиле недозволени даночни олеснувања. Епл, нормално, не сака никаде да пушти ни пара.

Меси и татко му осудени на 21 месец затвор

Ѕвездата на Барселона на почетокот на јуни се појави на суд, заедно со татко му поради сериозните обвинувања за затајување данок, а денес ја слушнале пресудата и ќе мора да платат 2 милиони евра.

Нов земјотрес во италијанскиот фудбал, под истрага се звучни имиња

Обвинителството од Неапол издаде наредба за запленување на имот во вредност од 12 милиони евра во истрагата која се води против околу 60 лица за затајување на данок и фалсификување на документи.

Упорниот проблем со офшор сметките

Проблемот со сите решенија околу спречувањето избегнување данок е што најчесто она што е изводливо во теорија, политички не е замисливо ни да се започне, а и да се започне уште од прв ден е осеудено на пропаст.

Полициска рација во Фудбалската федерација на Германија

Првите луѓе на федерацијата се осомничени за затајување данок поврзан со Светското првенство 2006 година.

Како Фејсбук плати данок од 360.000 денари

Сметката на Фејсбук за корпоративен данок во Британија за 2014-та, изнесува нешто помалку од 360.000 денари (околу 5.800 евра). За споредба, британски работник со просечна плата од 35.550 евра годишно, плаќа 7.235 евра за данок и осигурување.

ФИФА против шемата за неплаќање данок

Адвокатите на ФИФА работат на укинување на шемата со која трансфери направија повеќе бразилски фудбалери, вклучувајќи и еден нов играч на Реал Мадрид.

Како компаниите избегнуваат корпоративен данок

Целиот успех на компаниите да избегнат од плаќање на каков било данок се должи на тоа што законите за оданочување се стари над 100 години. Уредничката за економија на БиБиСи ја објаснува целата работа.