Главната заслуга за ова оди за ЕУ комесарката за конкуренција, Маргрете Вестагер, позната по својата борба против џиновските технолошки компании од преку океанот. Во заклучокот на Европската комисија стоеше дека Епл во периодот од 2003 до 2014 добивал повластен третман од Ирска која го намалила износот на данок на компанијата за милијарди долари.
Како на Епл му успеала да има огромни суми приходи што не се оданочени од ниту едни власти, па ни во Ирска, ЕК го објаснува во следната графика:
Иако Епл треба да почне да ја исплаќа сумата, Ирска и Епл имаат поднесено жалба на одлуката и бараат нејзино укинување. Разгледувањето на жалбата почнува есенва.
Ирскиот министер за финансии изјавил дека „фундаментално не се согласува со одлуката“ ама ќе ги земе парите без разлика на се. Тим Кук во писмо од 2016 пишува дека се наоѓаат во невообичаена позиција, „наредено ни е ретроактивно да платиме дополнителен данок на влада која вели дека не им должиме ништо повеќе од тоа што веќе сме им платиле.“
Додека се разреши целата работа парите ќе се чуваат на посебна сметка. Епл овој квартал почнува со исплата, а сите пари се очекува да легнат на сметка некаде кон крајот на третиот квартал.
Откако ќе ги исплати 13-те милијарди евра, на Епл ќе му биде пресметана и камата за сите години во кои не плаќал данок.